< Назад

Мижимаков Панта

Биографија: (Велес, 1946 - ) Филмски работник. Со запишувањето на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград коинцидира и неговиот професионален ангажман на полето на кинематографијата, најпрвин со статус на слободен филмски работник, а подоцна наизменично како вработен во „Вардар филм“ и слободен филмски работник. Често работи на копродукциите и странските продукции кои се реализираат во Македонија и Југославија, а работи и за југословенски продуценти на повеќе филмски проекти (Шеќерна водичка, Полтрон...). Во „Вардар филм“ соработува на поголем број кратки, документарни и играни филмови кои на шпиците не го наведуваат неговото учество во продукцијата. Од 1991 е еден од основачите и директор на приватната продуцентска куќа „Пегаз“, со којашто има реализирано неколку филмски проекти. Живее и работи во Скопје.

Филмови: 1972 ИСТРЕЛ, водач на снимање, игран, Филмско студио Скопје, Босна филм Сараево 1973 ТАТКО (КОЛНАТИ СМЕ ИРИНА), водач на снимање, игран, Филмско студио Скопје, Центар на ФРЗ Белград 1976 НАЈДОЛГИОТ ПАТ, водач на снимање, игран, Вардар филм 1977 ПРЕСУДА, водач на снимање, игран, Вардар филм 1977 ИСПРАВИ СЕ ДЕЛФИНА, водач на снимање, игран, Вардар филм, Македонија филм 1977 ВИНОЈУГ, организатор, документарен, Вардар филм 1981 ЦРВЕНИОТ КОЊ, водач на снимање, игран, Вардар филм, Македонија филм 1997 ПРЕКУ ЕЗЕРОТО, учесник во екипа, игран, Вардар филм, Логос филм Полска 1997 ЏИПСИ МЕЏИК, менаџер на продукција, игран, Вардар филм, Триангл Скопје

Филмографија:

1967: Македонска крвава свадба ( Асистент на режија, )
1967: Луѓе и фасади ( Асистент на режија, )
1971: Жед ( Организатор на снимање, )
1975: Видувања ( Организатор на снимање, )
1977: Нов живот ( Организатор на снимање, )
1978: Угич ( Организатор на снимање, )
1979: Добро ни дојде ( Организатор на снимање, )
1982: Јужна патека ( Директор на филм, )
1983: Виновник ( Директор на филм, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Директор на филм, )
1991: Тетовирање ( Директор на филм, )
1993: Македонска сага ( Продуцент, )
1993: Светло сиво / Ѓавол во срцето ( Продуцент, )
1993: Светло сиво / Прекрасен свет ( Продуцент, )
1993: Светло сиво / Птицата Урубу и девица ( Продуцент, )
1995: Ангели на отпад ( Директор на филм, )
2001: Судбината како стаорец ( Продуцент, )