< Назад

Ангели на отпад

Производство: ТФРЗ Пегаз - Скопје; Чаплајн филм - Софија

Земја на потекло: Република Македонија, Бугарија

Жанр: мелодрама

Род: Игран филм

Времетраење: 124 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1995

Содржина: Дејството на филмот „Ангели на отпад“ се случува во времето на пропаѓањето на некогаш актуелните општествени политички системи, на начинот на размислување, однесување, препорачливите норми... Падот на некогашните вредности во кој било домен на живеењето има своја рефлексија и во она што се нарекува стандард на секојдневното живеење, па затоа личностите во филмот се луѓе на маргините на материјалната егзистенција што во исто време не значи и дефинитивен пад на личното достоинство. Тоа се луѓе кои едноставно не умеат и не можат поради објктивни причини да се снајдат во едно „меѓувреме“. Местото на случување е градската депонија, каде што завршува сè она што некогаш имало некаква вредност, а фабриката за стакло каде што работи еден од главните јунаци на филмот, Гаврил, и нешто што би требало да се нарече циркуски шатор, а кој повеќе е реминисценција на некогашната илузија што тој шарен и комично-трагичен шатор им ја дава на луѓето кои во душата и понатаму го негуваат некогашното дете. Семејството на Гаврил живее во близината на депонијата, во дивоградба, под постојан притисок за уривање, што најпосле и ќе се случи. Член на семејството е и таткото, стариот Атанас, некогашен милиционер, потоа информбировец, а во денешно време опортунист од инает кој прави своја збирка на предмети од отпад, сакајќи да го врати времето на својата младост и на својата голема заблуда. На отпадот живее и Ицко, поранешен кловн, човек кому трагичните повоени збиднувања и манипулации со луѓето му го одземаат семејството. Неговата поранешна сопруга и партнерка во циркусот „Калистратиус“, Мими, е една стара дама со сочувани манири од некое друго време. Таа живее надвор од реалноста. Во својата имагинарна сегашност, таа сонува за изминатите времиња, луѓе и збиднувања, затоа што само така може да го оправда своето постоење. На отпадот работи и Рушка, жена чиј живот го изманипулирале многубројните мажи, но и покрај тоа таа ја сочувала својата блага природа која ја „негува“ во алкохолот. Филмот е калеидоскоп од епизоди на многубројните личности со кои се сретнуваме, па така сме сведоци и на манипулацијата со фиктивниот стан што му се доделува на работникот Гаврил, тивок и понизен човек кој по последното понижување реагира како човек кој изгубил секаква надеж. Во состојба на очај, тој ги крши складираните производи на фабриката. Во последната циркуска претстава што како лебедова песна ја подготвуваат кловнот Ицко и неговата партнерка Мими, и двајцата ги проголтува огнот пред очите на посетителите што му припаѓаат на маргиналниот слој на општеството. Животот на депонијата продолжува и понатаму исполнет со судбините на малите инцидентни луѓе.

Автори:

Директор на филм: Мижимаков Панта
Директор на фотографија: Самоиловски Мишо
Костимографија: Здравев Ѓорѓи
Сценографија: Џидров Крсте
Споредна улога: Јовановски Ацо, Танески Биљана, Чоревски Борис, Пуцкова Добрила, Костовски Душко, Јолевски Ѓорѓи, Милчин Илија, Стефановски Илко, Михајловски Јовица, Андоновски Кирил, Ќортошев Кирил, Псалтиров Кирил, Попов Киро, Зупчевиќ Миралем, Доневски Мирче, Арсовски Петар, Ајрула - Тозија Сабина, Билал Салаетин, Дуковски Самоил, Ковачевиќ - Јовановска Славица, Дракаловиќ Валентина Тина, Гравчевски Владимир, Јачев Владимир, Максут Џемаил
Асистент на сценографија: Бартлинг Иван Вања
Организатор на снимање: Арсовски Миле
Асистент на костимографија: Крстевска Жаклина

Други улоги:

Бекир Нуредини
Изабела Новотни
Сашка Димитровска
Игор Иветиќ
Весна Петрушевска
Роберт Велјановски
Димитар Спасески
Киро Божиновски
Кица Велјановска
Таше Кочевски
Ана Нацеска
Мирјана Нацеска


Други соработници:

I асистент режисер -- Слободан Голубовиќ-Леман
скриптер -- Марија Ѓорѓевиќ
водач на снимање -- Ѓорѓи Ѓорѓиевски-Џокер
секретар на продукција -- Благица Андреевска-Бики
организатори на снимање -- Зоран Ристевски; Горан Цветковски; Ацо Стојановски
асистент снимател -- Владан Баковиќ
I асистент снимател -- Сретен Паковски
II асистент снимател -- Бранд Ферро
фотограф -- Александар Ѓеорѓиев
фар мајстор -- Младен Насков
агрегатист -- Драган Трифуновски
асистенти тон сниматели -- Ангеле Кузмановски; Сергеј Павлов
асистент монтажер -- Елена Бориславова
асистенти сценографи -- Милан Младеновиќ; Иван Бартлин
асистенти на костимографот -- Невенка Петровиќ; Жаклина Крстевска
машки гардеробер -- Ружа Велкова-Мајче
женски гардеробер -- Сузана Велковска
маскер -- Радица Тодоровиќ
асистент маскер -- Сандра Тодоровиќ
специјални ефекти -- Јавор Калчев; Тотју Начев
пиротехничар -- Петар Живковиќ

Постер:

Фотографии: