< Назад

Пуцкова Добрила

Биографија: (Куманово, 06.06.1927 - Скопје, 23.02.2007) Македонска театарска, филмска и телевизиска актерка. Во 1945 година влегла во првиот состав на Драмата на Македонскиот народен театар, во кој останала во текот на целиот работен век, се до пензионирањето во 1982 година. Во 2002 година добила награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Филмографија:

1955: Волча ноќ ( Споредна улога, )
1995: Ангели на отпад ( Споредна улога, )
1999: Време, живот ( Споредна улога, )