< Назад

Здравев Ѓорѓи

Биографија: (Радовиш, 2.04.1941 - Скопје, 8.01.2007) Македонски етнолог и костимограф. Бил редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Остварил значаен придонес во етнографската наука и во театарската костимографија во Македонија. Подготвил повеќе од педесет костимографии за театарски претстави.

Филмографија:

1988: Викенд на мртовци ( Костимографија, )
1995: Ангели на отпад ( Костимографија, )
1999: Време, живот ( Костимографија, )