Биографија: (Скопје, 1.06.1951 - Скопје, 10.08.2023) Театарска, филмска и телевизиска актерка.
Дипломирала на отсекот за драмски актери, на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година. Член е на ансамблот на драмата на Македонскиот народен театар од 1979 година. Снимила повеќе ТВ филмови и серии, како и десетина долгометражни филмови, доживувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал. Во 1998 година е добитник на Наградата што ја доделува часописот „Екран“ за улогата во филмот „Џипси меџик“. За своите многубројни актерски театарски и филмски остварувања, добила повеќе награди во Македонија и во странство.
Филмови: БАНОВИЌ СТРАХИЊА, актер, игран, Авала филм, Јадран филм, Neue Tele - Contact
ДРЖАВА НА МРТВИТЕ, актер, игран, Комуна, Делфин филм - Белград
Филмографија:
1980:
Оловна бригада
(
Споредна улога,
)
1980:
Време, води
(
Споредна улога,
)
1987:
Хај-фај
(
Споредна улога,
)
1993:
Светло сиво / Прекрасен свет
(
Главна улога,
)
1995:
Ангели на отпад
(
Главна улога,
)
1997:
Џипси меџик
(
Главна улога,
)
2009:
Поинаку
(
Главна улога,
)