Производство: Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: мелодрама
Род: Игран филм
Времетраење: 135 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1997
Содржина: Дејството на филмот се одвива во една ромска населба, а главните протагонисти се членовите на едно многубројно ромско семејство. Таип и Ремзија имаат шест деца, егзистенцијата ја обезбедува Таип, пребарувајќи по градската депонија и препродавајќи ги старите работи. На депонијата претендираат и други Роми, па така Таип доаѓа во конфликт со Омер, водачот на една банда, чии членови без многу размислување го користат ножот во пресметките. Бедата во којашто живее семејството не го попречува Таип да сонува, да мечтае за Индија, прататковината на сите Роми. Едно случајно познанство со докторот Риџу, Индиец по потекло, а инаку припадник на силите на UNPROFOR во Македонија, му дава идеја како да дојде до толку потребните пари за купување коњ кој ќе го однесе семејството во Индија. Парите, меѓу другото, му се потребни и за купување голем жолт метален кревет - долгогодишна желба на Ремзија. Така започнува редицата „несреќни случки“ во семејството на Таип. Посмртниците за бабата, мајката, синовите, ги потпишува докторот Риџу, Таип ги добива парите што му следуваат од „социјалното“ за умирачките. Вака „умрените“ се осудени на живот во затворениот простор на импровизираниот дом на Таип, скриени од светлината на денот. Еден од синовите, во овие околности ја открива своја вистинска природа, па како травестит започнува љубовна врска со Индиецот Риџу. При погребот на третиот „починат“ син Бајрам, кој се согласи да „умре“ под услов да приредат вистински закоп, Таип доцни со откопувањето и несреќата влегува во неговото семејство. Големиот мечтател Таип се соочува со несреќите што им се случуваат на неговите блиски. Земените пари не се доволни за исполнување на неговите сништа. Најпосле, во одмазда за Омер, кој беше убиен од Таиповиот син Фазли, гине и Таип. Неговото тело потпрено на скалилата на товарниот вагон заминува некаде далеку од чергарската населба.
Награди: 1997 МФФ, Монпелје, „Antigon D'Or“ - Гран При за надобар филм
1998 МФФ, Измир, Специјална награда на жирито
Автори:
Други улоги:
Али Ахмед
Џефри Браун
Љатаф Дамиров
Гарип Демиров
Ирфан Јагли
Кенан Кадри
Парван Парванов
Џуд Пахенд
Аднан Селмановски
Абад Фазли
Други соработници:
тон -- Александар Симеонов
соработник на сценарио -- Столе Попов
музиката ја изведува -- Ферус Мустафов
I асистент режисер -- Слободан Гобовиќ
II асистент режисер -- Филип Чемерски
III асистент режисер -- Бобан Дедаиќ
скриптер -- Билјана Мирковиќ
менаџер на продукција -- Панта Мижимаков; Георги Георгиевски-Џокер
водач на снимање -- Томе Моловски; Зоран Ристески
менаџер -- Тина Дрекаловиќ
транспорт менаџер -- Ташко Јосифовски
секретар продуцент -- Благица Јандревска
асистент снимател -- Сретен Паковски
клапер -- Никола Дамовски
камерман на II екипа -- Драган Салковски
фотограф -- Роберт Јанкуловски
II екипа асистенти на камера -- Драган Гаиќ
Екипа -- Сафет Камбер; Весна Гичевска; Владимир Атанасов; Никола Мадиќ; Роберт Јазанџиски; Виолета Станковска; Тања Жантевска; Ана Ристиќ; Искра Ефтимова; Диме Ангеловски; Јагода Велковска; Љубица Крстевска; Јагода Костадиновска; Милосав Крстевски; Мустафа Мустафа; Александар Илков; Иван Јанев; Драги Јачев; Драган Трифуновски; Младен Насков; Душан Ѓорѓевиќ; Венцо Костадиновски; Илчо Здравковски; Зоран Ангеловски; Ангеле Кузмановски; Цветан Иванов Кадиски; Евгенија Христова Тасева; Сергеј Цветанов Павлов; Миле Младеновиќ; Панче Минов; Димитар Стојановски; Радован Марковиќ-Раша; Глигорче Чиканов; Ѓура Кечеш; Јордан Гелевски; Мицко Огненов; Зоран Петровиќ; Миливое Глигориевиќ; Живоин Вељковиќ; Жаклина Крстевска; Ружа Велковска; Радица Тодоровиќ; Сандра Ивановиќ; Светлана Гутиќ; Бобан Живковиќ; Кире Костов; Лазе Секуловски; Владимир Павловски; Клаудија Камбурова; Блаже Дулев; Игор Поповски; Евгенија Тасева; Славољуб Плавшиќ; Жељко Божиќ; Радослав-Раде Божиќ; Брацо Зафировски; Газменд Бериша; Медо Чун; Скендер Амет; Ана Костовска; Сашо Гигов-Гиш; Михаил Парунов; Илија Димитровски; Илми Агушев; Дамир Шекиров; Туркијана Бајрамовска; Македонка Димитрова; Илми Мустафов; Атанас Чоков; Раде Перчинков; Илија Совковски; Ангелко Димушевски; Славе Бојковски; Дејан Јаневски; Небојша Павловски; Сами Рамадани; Васил Трајковски; Здравко Пешиќ; Славко Георгиевски; Владимир Тодоровски; Илчо Ничевски; Сашо Тодоровски; Александар Мангаров; Живко Сановски; Марко Велковски; Роберт Насков; Предраг Ерцеговиќ
Постер:

Фотографии: