< Назад

Михајловски Тони

Биографија: (Куманово, 30.06.1967 - ) Театарски, филмски и телевизиски актер, водител и комичар. По завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година. Во 2010 ја добива наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија. Во 2012 година добил Повелба за странски актери на 47 фестивал „Филмски средби“ во Ниш.

Филмографија:

1996: Самоуништување ( Споредна улога, )
1997: Џипси меџик ( Главна улога, )
1998: Збогум на 20-тиот век ( Главна улога, )
1998: Буре Барут ( Главна улога, )
2000: Тунел ( Актер, )
2000: Излез (Exit) ( Актер, )
2003: Едно од лицата на смртта ( Актер, )
2003: Седум приказни за љубовта и свршувањето ( Актер, )
2004: Како убив светец ( Споредна улога, )
2004: Балканкан ( Главна улога, )
2011: Жарче ( Главна улога, )