< Назад

Тозија Горјан

Биографија: (Скопје, 27. 10. 1954 - ) Дипломира на катедрата за Историја на уметност и археологија на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, 1981 год. Од 1979 до 1993 работи за „Јадран филм“ - Загреб. Кариерата ја гради работејки на разни филмски ангажмани како: трет асистент на режисерот, организатор на снимање, асистент на продуцентот, прв асистент на режисерот, менаџер на продукцијата..., за да го достигне звањето Продуцент. Во тоа време Јадран филм соработува со големите филмски и ТВ студија како MGM, Paramount, Twentieth Century Fox, ABC, NBC, CHANEL +, така што тој работи на филмовите и филмски серии како Sophie’s Choice, The Winds of War, The Dirty Dozen, Riders Through the Storm, Mother Theresa, The Dictator, Manifesto... Од 1993 е Директор и Продуцент на Вардар филм. Во тој период Вардар филм ги снима филмовите ПРЕД ДОЖДОТ, АНГЕЛИ НА ОТПАД, ПРЕКУ ЕЗЕРОТО, ЏИПСИ МЕЏИК, но ги реализира и копродукциите ФЕЛИКС (Франција, Словенија, Македонија), НОЌ (Македонија, Албанија) и учествува во реализацијата на филмовите кои се снимаа во Македонија: МИРОТВОРЕЦ (Dreamworks) и САРАЕВО (Miramax). За време на својата кариера работи на повеќе од 50 филмски и ТВ проекти. Моментално е самостоен филмски продуцент.

Филмографија:

1982: Јужна патека ( Организатор на снимање, )
1994: Пред дождот ( Продуцент, )
1994: Бериќет ( Продуцент, )
1994: Чарли Паркер - љубов моја ( Продуцент, )
1997: Џипси меџик ( Продуцент, )
1997: Преку езерото ( Продуцент, )
1998: Ливада ( Продуцент, )