< Назад

Билал Салаетин

Биографија: (Скопје, 1942 - ) Театарски, филмски и телевизиски актер. Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станува член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје. Како актер гостува и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма. За своето актерско умеење е награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година доби награда за најдобра споредна улога. Два пати е добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ - прогласен е за Актер на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ - Награда на градот Скопје за 1977 г., а во 1984 година го доби највисокото републичко признание Наградата „11 Октомври“.

Филмографија:

1976: Најдолгиот пат ( Споредна улога, )
1980: Време, води ( Споредна улога, )
1982: Полноќно сонце ( Главна улога, )
1993: Македонска сага ( Споредна улога, )
1995: Ангели на отпад ( Споредна улога, )
1997: Џипси меџик ( Споредна улога, )
2001: Прашина ( Споредна улога, )
2003: Чекор пред времето ( Главна улога, )
2004: Илузија ( Споредна улога, )
2004: Андер ( Главна улога, )
2011: Жарче ( Главна улога, )
2013: Игра и Спас ( Главна улога, )