< Назад

Илузија

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Игран филм

Времетраење: 103 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 2004

Содржина: Во основа на приказната е распадот на едно семејство како резултата на транзицијата и воените дејствија низ која минува Македонија (тоа може да биде и било која друга земја во регионов). Тинејџерот Марко расте во наполно нездрава средина: татко пијаница, мајката одамна изгубила контакт со светот, сестрата егоист која ги гледа само своите интереси. Единствената личност која му дава надеж за иднината е професорот по македонски јазик кој го охрабрува Маркота да пишува поезија. Но и оваа ситуација се покажува несоодветна за очекувањата на Марко. Неговото познанство со еден платеник ќе го научи како да го земе законот во свои раце. Во овој филм, семејството и училиштето се користат како метафора за болното општество кое го уништува сето она што било добро и невино во Марко, одземајќи му ги соништата до толкава мерка што момчето, во еден момент, ќе сака да се одмазди.

Награди: 2005 Anchorage International Film Festival, најдобар игран филм

Автори:


Сценарио -- Грејс Леа Троје
Музика -- Bei the Fish
Кастинг директор -- Никола Хејко
Директор на филм -- Емил Костовски
Менаџер на екипа -- Зоран Ристески
Асс. на режија -- Киријана Николоска
3 асс. на режија -- Маја Младеновска
Асс. на сценографија -- Ричард Милошевски
Реквизита -- Зоран Петровиќ
Дизајн на звук -- Атанас Георгиев
Миксер и тон снимател -- Алекс Колер
Миксер -- Александар Симеонов
Специјални ефекти -- М`Барек Жамал, Бојан Тикваровски

Улоги: Никола Ѓуричко, Дејан Аќимовиќ, Мартин Јовчевски, Славица Манаскова, Елена Мошевска

Постер:

Фотографии: