< Назад

Милчин Илија

Биографија: (Прилеп, 19.7.1918 - Скопје, 11.3.2002) Филмски, телевизиски и театарски актер и режисер. Завршува правен факултет, а потоа на Музичката академија во Белград три години студира на одделот за театрологија. Во 1944 година се вработува во Македонскиот народен театар. Во периодот од 1969 до 1973 година, работи како хонорарен професор на одделот за актери при Високата музичка школа во Белград. По враќањето во Скопје повторно работи во Македонскиот народен театар сè до 1983 година, кога се пензионира. Периодично е член на Уметничкиот совет на „Вардар филм“. Првпат на филм се појавува како актер во Мис Стон (1958), а потоа има бројни успешни актерски остварувања. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: двапати Наградата 11 Октомври, Наградата 13 Ноември, Стериина награда и др.

Филмови: 1962 ПРЕСМЕТКА (OBRAČUN), актер, игран, Авала филм Белград

Филмографија:

1958: Мис Стон ( Главна улога, )
1961: Мирно лето ( Главна улога, )
1966: До победата и по неа ( Главна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Споредна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Главна улога, )
1970: Човекот во црно ( Главна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Главна улога, )
1977: Исправи се, Делфина ( Споредна улога, )
1977: Пресуда ( Главна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Главна улога, )
1985: Јазол ( Споредна улога, )
1995: Ангели на отпад ( Споредна улога, )
1999: Време, живот ( Споредна улога, )