< Назад

Републиката во пламен

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: историски

Род: Игран филм

Времетраење: 105 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1969

Содржина: На 2 август 1903 година, на светиот ден Илинден, во Македонија се крена востание. Тоа беше одговор на повеќевековното ропство и теророт на кој беше изложен македонскиот народ. Илинденското востание кулминираше во создавањето на Крушевската република која опстојуваше десет дена и беше единствена република на Балканот во тоа време. За да се објаснат целта и намерите на востанието, Никола Карев, претседател на Крушевската република го пишува Манифестот на Крушевската република, кој според прогресивноста на идеите изнесени во него е далеку пред времето на настанувањето. Веднаш по започнувањето на востанието кое претендираше да се прошири низ поголемиот дел од Македонија, стана јасно дека тоа е кренато без целосни подготовки... Бројна турска војска го напаѓа Крушево. Востаниците го напуштаат градот. Останува само четата на Питу Гули. Тој е решен да даде пример како се сака својот народ и како се гине за неговата слобода. Нивната херојска смрт на Мечкин Камен ја заслужи и почитта на непријателот. „Иако краткотрајна, по своите идеи Крушевската република беше величествена. Македонија го имаше својот прв Илинден, проследен со крвави години на тешки страдања. Македонија ќе го има и својот втор Илинден, при идната епоха на блиски победи и ослободувања. Овој втор Илинден е близок, тој доаѓа...“ - во „Илинденец“, Димо Хаџи Димов.

Награди: 1969 ФФ, Ниш, Специјална диплома за актерското остварување на Драгомир Фелба

Автори:

Директор на филм: Камберски Јово
Директор на фотографија: Михајловски Бранко
Костимографија: Патрногиќ Јелена
Музика: Прошев Тома
Сценографија: Лазаревски Никола
Асистент на сценографија: Ивановски Менде
Монтажа на тон: Јаневски Јордан
Организатор на снимање: Калиќ Милош, Вељковиќ Предраг
Помошник на режија: Недков Кочо, Попов Трајче
Помошник директор на филм: Ангеловски Благоја, Караѓозовски Љубе
Асистент на монтажа: Лукова Дончиќ Олга

Други улоги:

Живко Јовановски
Таше Кочовски
Александар Думов
Анастас Миса
Методија Зенделски
Петар Стојановски
Димитар Илиевски
Ристо Мајсторов

Други соработници:

идеја -- Ѓорѓи Абаџиев
консултант -- Димитар Митрев
соработници на сценариото -- Анте Поповски; Богомил Ѓузел; Владо Поповски
маскер -- Иван Лалиќ
асистенти сниматели -- Миле Ивановски; Ристо Буклевски
секретар режисер -- Лидија Дебарлиева
шминкер -- Марија Миленковиќ
асистенти костимографи -- С. Наумовски
гардеробер -- Иван Иванов
реквизитери -- Ангеле Ќамиловски; Трајко Стојановиќ
пиротехника -- Л. Живковиќ
каскадери -- М. Митиќ; Б. Новаковиќ
водач на снимање -- Ристо Теофиловски
лектор -- Владо Поповски
музиката ја изведува -- Македонската филхармонија; Словенечката филхармонија
диригент -- Тома Прошев

Постер:

Фотографии: