< Назад

Бошковски Јован

Биографија: (Скопје, 25.12.1920 - 1968) Писател и филмски сценарист. Неговата книга „Растрел“ е прва збирка раскази на македонски јазик. Темите за своите раскази најчесто ги црпи од современиот живот и од поновото македонско минато. Некои од нив се преведени на: словенечки, српскохрватски, албански, унгарски, полски и руски јазик. Негови позначајни дела се: книгите раскази „Блокада“ (1950) и „Луѓе и птици“ (1955), „Оплеменета игра“ (критики, 1957), „Солунските атентатори“ (роман, 1961). Пишува и сценарија за играни и за документарни филмови. Неговото прво филмско сценарио е за документарниот филм ЖИТО ЗА НАРОДОТ (1947).

Филмови: 1955 РИТАМ И ЗВУК, текст, документарен, Вардар филм 1967 КАДЕ ПО ДОЖДОТ, адаптација на дијалози, игран, Вардар филм

Филмографија:

1947: Жито за народот ( Сценарио, )
1949: Филмски преглед бр. 10 ( Редактор, )
1949: Филмски преглед бр. 12 ( Редактор, )
1949: Филмски преглед бр. 13 ( Редактор, )
1952: Бели мугри ( Сценарио, Асистент на режија, )
1961: Солунските атентатори ( Сценарио, )
1964: Под исто небо ( Сценарио, )
1964: Скопје '63 ( Сценарио, )
1967: Мементо ( Сценарио, )
1969: Републиката во пламен ( Сценарио, )