< Назад

Диневски Вукан

Биографија: (Гостивар, 1927 - Скопје, 14.10.2006) Театарски, филмски, телевизиски актер и режисер. Вукан Диневски завршил Филозофски факултет во Скопје, како и Тетарска академија - отсек режија во Белград. Својот творечки опус како актер и режисер го реализира во Драмата на Македонскиот народен театар 1952-1964 и 1966-1973, како и во Драмскиот театар во Скопје. Режираше и во Радио Скопје. Во пензија заминува од Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што беше професор по предметот Актерска игра. Добитник е на Стеријината и Октомвриската награда за успешно креирани улоги и носител е на две одликувања.

Филмови: 1955 КОМИТСКА ЛЕГЕНДА, наратор, документарен, Вардар филм 1977 ГП МАВРОВО, наратор, документарен, Вардар филм

Филмографија:

1958: Мис Стон ( Споредна улога, )
1966: До победата и по неа ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Споредна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Главна улога, )
1970: Цената на градот ( Споредна улога, )
1971: Црно семе ( Споредна улога, )
1971: Жед ( Споредна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Споредна улога, )
1985: Јазол ( Споредна улога, )