< Назад

Костовски Драги

Биографија: (Битола, 22.4.1930 - Скопје, 1980) Филмски, театарски телевизиски актер. Во 1947 година се запишува на Државната театарска школа во Скопје. Уште од почетокот на својата театарска кариера (1949) игра значајни улоги. Својата надареност ја потврдува и како филмски актер. На филм дебитира со својата улога во МИС СТОН (1958), по што следува низа од филмови во коишто како носител на главни и епизодни улоги ја потврдува својата извонредна способност за типолошки преобразувања. Настапувал и на телевизија.

Филмографија:

1958: Мис Стон ( Главна улога, )
1963: Невољите на покојникот К.К. ( Главна улога, )
1964: Под исто небо ( Споредна улога, )
1966: До победата и по неа ( Главна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Главна улога, )
1967: Мементо ( Главна улога, )
1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Главна улога, )
1970: Цената на градот ( Главна улога, )
1971: Жед ( Главна улога, )
1972: Истрел ( Споредна улога, )
1975: Јад ( Споредна улога, )
1977: Пресуда ( Главна улога, )
1980: Оловна бригада ( Споредна улога, )
1980: Време, води ( Споредна улога, )