< Назад

Фелба Драгомир

Биографија: (Скопје, 1921 - 2006) Филмски, театарски и телевизиски актер. Драгомир Фелба до 1941 година живее во Скопје, а потоа со семејството заминува во Крагуевац. Во 1947 оди во Белград каде што ја завршува Високата филмска школа. Од 1950 до 1956 година работи во „Авала филм“ и во Југословенско драмско позориште во Белград, а од истата година се здобива со статус на слободен уметник. Пред филмските камери одигрува повеќе од стотина ликови, а за некои од нив е награден со дваесетина професионални и општествени признанија.


Награди: 1969 ФФАО, Ниш, Специјална диплома за улога / „Републиката во пламен“

Филмографија:

1955: Волча ноќ ( Главна улога, )
1959: Дубровски ( Актер, )
1964: Под исто небо ( Главна улога, )
1966: До победата и по неа ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Главна улога, )
1968: Планината на гневот ( Главна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Главна улога, )
1970: Цената на градот ( Главна улога, )
1972: Истрел ( Споредна улога, )
1977: Пресуда ( Споредна улога, )
1980: Време, води ( Споредна улога, )