< Назад

Стефановски Ристо

Биографија: (Скопје, 1928 - ) Театролог и драмски актер. По завршување на Државната театарска школа во Скопје, Ристо Стефановски студира глума на Театарската академија во Белград. Од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Од пролетта 1957 до 1983 година раководеше со Куклениот театар во Скопје кој потоа се трансформираше во Драмски театар. Во меѓувреме дипломирал на Факултетот за Драмска уметност во Белград, отсек Организација. Од 1983 година до пензионирањето во 1988 година е генерален директор на Македонскиот народен театар во Скопје. Автор е на повеќе книги и текстови од обалста на театарот. Ристо Стефановски е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои се „13 Ноември“ - награда на градот Скопје и наградата за животно дело „11 Октомври“.

Филмографија:

1955: Волча ноќ ( Споредна улога, )
1958: Мис Стон ( Споредна улога, )
1959: Виза на злото ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Споредна улога, )
1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Споредна улога, )
1976: Најдолгиот пат ( Споредна улога, )
1977: Исправи се, Делфина ( Споредна улога, )
2004: Како убив светец ( Споредна улога, )