< Назад

Недков Кочо

Биографија: (Скопје, 1924 - Скопје, 18.10.2004) Филмски режисер, сценарист и снимател, доајен на македонската документаристика. Средно образование завршува во родниот град. За време на Втората светска војна работи во киното на неговото семејство. Во 1948 година се враборува во претпријатието „Филмско“, а уште истата година, од самото формирање, работи во продуцентската куќа „Вардар филм“, каде што останува сè до пензионирањето. Освен во документарни, учествува и во реализацијата на неколку македонски играни филмови. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Сребрен медал за режија на 23-тиот фестивал на Југословенскиот документарен и кусометражен филм во Белград (1976) за филмот КАЈАК 75, Наградата Климент Охридски (1977), како највисоко признание од областа на културно-просветната дејност.


Награди: 1950 Одликуван со Указ на Владата на НРМ / „Народна техника“ 1959 ФЈДКФ Белград, Втора награда за сценарио / „Прилеп вчера и денес“ 1966 ФЈДКФ Белград, Диплома за идеја и режија / „Насмевнете се, молам“ 1967 Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда со Указ на Претседателот на СФРЈ 1970 МФФ, Лајпциг, диплома / „Свилен конец“ 1976 ФЈДКФ Белград, Сребрен медал Белград за режија / „Кајак '75“ 1976 ФФ, Крањ, Бронзен Триглав / „Шестиот играч“ 1976 ФЈДКФ Беолград, Награда на СОФК на Србија за најдобар филм на спортска тематика / „Шестиот играч“ 1976 13 Ноември, награда на град Скопје, за режија / „Кајак '75“ и „Шестиот играч“ 1977 Климент Охридски, Највисоко општествено признание за достигнувања во културно-просветна дејност 1982 МФФ, Оберхаузен, Специјална плакета / „Огнена бригада“ 1982 МФФ, Лајпциг, Голема диплома и Јубилејна плакета / „Огнена бригада“ 1991 ФЈДКФ, Белград, Диплома, / „Рибите на Охридското езеро“

Филмови: 1959 МАКЕДОНИЈА, ко-сценарио, ко-режија, документарен, УФУС, Документарен филм Прага 1986 ФЕНИ, режија, документарен-нарачателен, Вардар филм 1987 ВОДОСТОПАНСТВО, режија, документарен-нарачателен, Вардар филм

Филмографија:

1948: Филмски преглед бр. 2 ( Асистент снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 3 ( Снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 4 ( Асистент снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 5 ( Асистент снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 6 ( Снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 7 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 8 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 9 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 11 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 12 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 13 ( Снимател, )
1950: Народна техника ( Режија, Сценарио, )
1950: Памук од задружните полиња ( Режија, )
1951: Филмски преглед бр. 25 ( Снимател, )
1952: Со бродот „Македонија“ од Ријека до Њујорк ( Снимател, Сценарио, )
1953: Кој е крив? ( Режија, )
1953: Пожар ( Режија, )
1953: Служба за трансфузија на крв – Служба на народот ( Снимател, )
1953: Партизан ( Снимател, )
1953: Нашински разговори ( Снимател, Сценарио, )
1953: Журнал 11 О.О.Н ( Режија, Сценарио, )
1954: На падините на Шара ( Снимател, )
1954: Азот ( Снимател, )
1954: IV Сојузно падобранско првенство ( Режија, Снимател, Сценарио, )
1954: Илинден 1903 ( Режија, Сценарио, )
1954: Велигденски обичаи ( Снимател, )
1955: Хигиенско-техничка заштита ( Снимател, )
1955: Фабрика за конзерви „Вардар” ( Режија, Снимател, Сценарио, )
1955: Десет години слободен мај ( Режија, Сценарио, )
1956: Филмски репортер бр. 4 ( Режија, )
1956: ПАЗ - Воена опасност ( Режија, )
1956: Катастрофа во Маврово ( Режија, Споредна улога, )
1956: Пролетни надежи ( Сценарио, )
1956: По трагите на катастрофата во Маврово ( Режија, Сценарио, )
1957: Средновековни фрески во Македонија ( Режија, Сценарио, )
1957: Во стариот крај ( Режија, )
1957: Во пресрет на изборите ( Снимател, )
1957: Во пресрет на изборите - втор дел ( Режија, Сценарио, )
1957: Подарок од веселиот молер ( Асистент на режија, )
1959: Прилеп, вчера и денес... ( Режија, Сценарио, )
1959: Нерадосни игри ( Режија, )
1959: Допири со смртта ( Режија, )
1959: Претседателот Тито се врати во земјата ( Режија, )
1959: Дубровски ( Асистент на режија, )
1959: На двата брега на Вардар ( Асистент на режија, )
1960: Прилепски тутун ( Режија, Сценарио, )
1960: Во долината на цветовите ( Режија, )
1960: Мелиорации во кумановска околија ( Режија, Сценарио, )
1960: Први Мај 1960 ( Режија, Сценарио, )
1960: Погон 3 ( Режија, Сценарио, )
1960: Фабрика за фрижидери „Битола“ ( Режија, Сценарио, )
1961: Солунските атентатори ( Асистент на режија, )
1961: Детето од колоната ( Режија, Сценарио, )
1962: Зимски импресии ( Режија, )
1962: Кој е виновен? ( Режија, Сценарио, )
1962: Охридска пастрмка ( Режија, )
1963: Скопски репортер бр. 3 ( Режија, )
1963: Нашата доверба ( Режија, Сценарио, )
1963: Скопје, 26.7.1963 ( Режија, Сценарио, )
1963: Замрзнато езеро ( Режија, )
1963: Оваа пролет 1963 ( Режија, Сценарио, )
1964: Полошки огнови ( Режија, )
1964: Скопје '63 ( Асистент на режија, )
1965: Охридските трубадури ( Режија, )
1965: Предизборни разговори ( Режија, )
1965: Рудник „Дамјан“ - Радовиш ( Режија, )
1965: Насмевнете се, молам ( Режија, )
1966: Премонтажа ( Режија, Сценарио, )
1966: Венчавка на една фотографија ( Режија, )
1967: Каде по дождот ( Помошник на режија, )
1967: Македонска крвава свадба ( Помошник на режија, )
1967: Тито во железарницата „Скопје“ ( Режија, Сценарио, )
1967: Тито во Охрид ( Режија, Сценарио, )
1968: Планината на гневот ( Помошник на режија, )
1969: Републиката во пламен ( Помошник на режија, )
1969: И водите на Вардар ќе бидат скротени... ( Режија, )
1969: ЗИК Пелагонија ( Режија, Сценарио, )
1969: Еден летен ден во Охрид ( Режија, )
1969: Свилен конец ( Режија, )
1969: Претседателот Тито во посета на ЗИК „Пелагонија“ ( Режија, Сценарио, )
1969: Magna Carta Libertatum (Документи за и против нашето време) ( Режија, Сценарио, )
1970: Стакларница ( Режија, Сценарио, )
1970: Разбудени копови ( Режија, Сценарио, )
1970: Надевај се додека дишеш ( Режија, Сценарио, )
1970: Рудник „Тајмиште“ Кичево ( Режија, Сценарио, )
1971: Рудник Демир Хисар - Сопотница ( Режија, )
1971: Рудник Жван ( Режија, Сценарио, )
1973: Гоце Делчев ( Режија, )
1973: Илинденски денови ( Режија, Сценарио, )
1974: Гоцев ден ( Режија, Сценарио, )
1974: Богданци ( Режија, Сценарио, )
1974: Зимски центри во Македонија ( Режија, Сценарио, )
1974: Попова Шапка - Инекс ( Режија, Сценарио, )
1975: Вива ла музика ( Режија, Сценарио, )
1976: Шестиот играч ( Режија, Сценарио, )
1976: Кајак ( Режија, Сценарио, )
1977: Концерт мајстор ( Режија, )
1977: Град херој - Прилеп и Прилепско во НОВ ( Режија, )
1977: Агрокомбинат „Тиквеш“ ( Режија, Сценарио, )
1978: Дупчачи ( Режија, Сценарио, )
1979: Охридското културно и природно наследство ( Режија, Сценарио, )
1980: Крвта на морето (сунѓер) ( Режија, )
1981: Во посета на Преспа... Струга... Охрид... ( Режија, Сценарио, )
1982: Огнена бригада ( Режија, Сценарио, )
1982: БОПС ( Режија, Сценарио, )
1982: Студенчица ( Режија, Сценарио, )
1984: Фрески и икони во Македонија ( Режија, )
1984: Aрхитектурата во Македонија од IV до XVII век ( Режија, )
1990: Планариите од охридското езеро и околните извори ( Режија, )
1990: Рибите на Охридското Езеро ( Режија, )
2002: Преспа – парк ( Режија, Сценарио, )