< Назад

Георгиевски Љубиша

Биографија: (Битола, 30.5.1937 - ) Филмски и театарски режисер и сценарист. Дипломира режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Филмската кариера ја започнува 1963 година, како корежисер на филмот ПОД ИСТО НЕБО, со Миодраг Мики Стаменковиќ. Во периодот од 1968 до 1970 година ги режира самостојно своите три играни филма: ПЛАНИНАТА НА ГНЕВОТ, РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН и ЦЕНАТА НА ГРАДОТ, по што сосема му се посветува на театарот. Работи како редовен професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Филмографија:

1964: Под исто небо ( Режија, )
1966: Не ( Режија, Сценарио, )
1967: Патека ( Режија, )
1968: Планината на гневот ( Режија, )
1969: Републиката во пламен ( Режија, Сценарио, )
1970: Цената на градот ( Режија, )
1974: Sic Transit Gloria Mundi / Хераклеа ( Режија, )
1975: Кој век минува надвор деца ( Режија, )
2017: Мајстор Чинго ( Режија, )