< Назад

Османли Димитрие

Биографија: (Битола, 29.5.1927 - 2006) Филмски, театарски и телевизиски режисер, сценарист и педагог. Првите контакти со филмот и кинематографијата ги остварува со помош на Милтон Манаки, балканскиот филмски пионер. Филмска и театарска режија завршува 1952/53 година на Високата филмска школа во Белград, како прв македонски студент, а постдипломски студии 1961/62 година на Институтот за високи кинематографски студии во Париз. Долги години работи како театарски, телевизиски и филмски режисер. Исто така бил и професор на Факултетот за драмски уметности, каде што предавал актерска игра и има изведено четири генерации млади актери. Покрај четирите играни филмови, има снимено околу петнаесетина документарни филмови и повеќе од дваесет телевизиски остварувања. Тој е режисер на првата комедија во македонската кинематографија МИРНО ЛЕТО (1961). На полето на театарската уметност, неговиот придонес е исто така значаен, има режирано преку триесет и пет театарски претстави низ театрите во Македонија. Автор е и на две книги на снимање кои се публикувани: ЕКСЕЛЕНЦИИ МИРНО и АНГЕЛИ НА ОТПАД.


Награди: 1965 ФЈДКФ, Белград Прва награда за режија / „Дванаесетте од Папрадник“ 1965 Сојуз на филмските работници на Југославија, Плакета по повод 20 годишнината на југословенскиот филм 1966 Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда за повеќегодишна кинематографска творечка дејност 1968 Награда 13 НОЕМВРИ / „Мементо“ 1973 Повелба за континуирано филмско документирање на обновата и изградбата на Скопје од Собранието на град Скопје 1979 Орден на трудот со златен венец за филмска и театарска творечка дејност 1985 Награда 11 ОКТОМВРИ за животно дело 1986 Орден на трудот со црвено знаме за успешна творечка и педагошка дејност 1987 Институт за филм-Белград, Плакета „Во крупен план“ / по повод 35 години работа 1990 ФФ „Браќа Манаки“, Битола, Голема златна плакета за афирмација на фестивалот 1990 ФФ „Браќа Манаки“, Битола, Специјална Диплома од Кинотеката на Македонија за ревитализација на документарниот филмски фонд од браќата Манаки 1995 Друштво на филмските работници на Македонија, Плакета „100 години светски филм“ и 90 години филм во Македонија

Филмови: 1966 ПРВИОТ СОГРАЃАНИН-ПОМОШ НА ПОЛСКА ЗА СКОПЈЕ, режија, документарен, Филмске новости Белград

Филмографија:

1956: Филмски репортер бр. 1 ( Режија, )
1956: Филмски репортер бр. 4 ( Режија, )
1956: Пролетни надежи ( Сценарио, )
1956: Распламтени факли ( Режија, Сценарио, )
1956: Прва изложба на југословенскиот тутун ( Режија, Сценарио, )
1957: Малиот човек ( Асистент на режија, )
1957: Бунт на куклите ( Режија, )
1959: Виза на злото ( Асистент на режија, )
1961: Мирно лето ( Режија, )
1962: Афион ( Режија, )
1963: Културно богатство во урнатини ( Режија, Сценарио, )
1963: Школите и универзитетот во скопската катастрофа ( Режија, Сценарио, )
1963: Девојките од Мали ( Режија, )
1963: За нови достигања ( Режија, Сценарио, )
1964: Скопски репортер бр. 4 ( Режија, )
1964: Скопски репортер бр. 6 ( Режија, )
1964: Кеј 13 Ноември ( Режија, Сценарио, )
1965: Дванаесетте од Папрадник ( Режија, Сценарио, )
1967: Мементо ( Режија, Сценарио, )
1971: Жед ( Режија, )
1995: Ангели на отпад ( Режија, )

Награди: