< Назад

Дуковски Дејан

Биографија: (Скопје, 25.4.1969 - ) Драмски писател, филмски и телевизиски сценарист. Во 1991 година дипломира на отсекот за драматургија на Факултетот за драмски уметности во класата на проф. Горан Стефановски. Сега е на постдипломски студии по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како драматург во Македонската телевизија. Работи како асистент по филмско и ТВ сценарио на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Првиот драмски текст „Балканска“ го пишува во 1986/87 по којшто следуваат уште многу други, а еден од неговите текстови „Балканот не е мртов“, поставен во Битолскиот Народен театар во 1992, е награден како најдобар текст на Македонските театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, 1993. Пишува и филмски и телевизиски сценарија.

Филмографија:

1993: Светло сиво / Ѓавол во срцето ( Сценарио, )
1993: Светло сиво / Прекрасен свет ( Сценарио, )
1993: Светло сиво / Птицата Урубу и девица ( Сценарио, )
1998: Буре Барут ( Сценарио, )
2003: Како лош сон ( Сценарио, )