< Назад

Тодоровски Љупчо - Упа

Биографија: (Скопје, 02.05.1956 - Скопје, 22.01.2021) Актер и кастинг директор. Бавењето со глума го доживува како фрлање зрак светлина во туѓите животи. Еден е од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерство кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапува во Драмскиот театар во Скопје. По Академијата, воден од творечкиот немир, предизвикот на големиот град и можност за почесто играње на филм, заминува за Белград, каде останува 10 години... Го „пече“ занаетот крај искусни и водечки југословенски актери настапувајќи во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997 год. покрај актерството, се бави со филмска и ТВ продукција, пишување на сценарија и избор на актери...

Филмови:
2002 ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА; кастинг директор, ПРИСТОП, Скопје
2002 НЕБО, ПРАШИНА, ВЕТЕР И ПАТ; Кастинг директор за главна улога (игран филм), EUROFILM STUDIO Kft, Унгарија
2002 ИЗЛЕЗ ЗА РАЈОТ; Кастинг директор за главна улога (игран филм), Германија
2002 РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ; Кастинг директор за споредна улога и скрипта (игран филм), E-MOTIONFILM, Словенија
2001 Извршен продуцент на 6 документарни филмови за Македонија
2000 ЗАД НЕПРИЈАТЕЛСКАТА ЛИНИЈА; Локален Кастинг директор за споредни улоги, 20th CENTURY FOX
2000 ГАЛИЧКА СВАДБА; асистен режисер, (документарен филм), PICTOR Association, Paris/France и Министерство за економија
2000 MR. ALPHABET; продуцент и сценарио на пилот епизодата за детска ТВ серија, ТВ ЕРА и CATENA MUNDI ПРОДУКЦИЈА
1999 НАШЕ МААЛО; кастинг асистент (ТВ серија), TW (“Sesame Street”) and CG Prods.
МОЈОТ ТАТКО ЕДВАРД, NFS, Great Britany
ЈАСНО ЛИ Е ПРИЈАТЕЛЕ, DA Film, Croatia Film
ШМЕКЕР, Унион филм, Белград
СЕКУЛА И НЕГОВИТЕ ЖЕНИ, Avala Profilm
ВРЕМЕНО РАЗВЕДЕНИ, Union Film
ЧЕТВОРИЦА ВО ОКТОМВРИ, Avala Profilm

Филмографија:

1985: Јазол ( Споредна улога, )
1994: Пред дождот ( Споредна улога, )
2000: Игра со буквите ( Сценарио, )
2001: Освета ( Главна улога, )
2010: Војната заврши ( Главна улога, )