< Назад

Одмазда

Производство: Nieuwe Media Produkties, во соработка со: YC Aligator Film; Tchin Tchin Production; Вардар филм; Canal + / VRT; Македонска телевизија

Земја на потекло: Република Македонија, Белгија

Род: Игран филм

Времетраење: 0 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 0

Година: 2001

Содржина: Дејството на филмот се случува кон крајот на XIX , почетокот на XX, како и втората половина на XX век. Локациите се различни, наполно спротивставени, како што е руралната Македонија од една страна и урбаната средина на еден рударски регион во Белгија од друга… Доаѓањето на младиот Турчин Орхан Карахасан во Белгија не е мотивирано од економска присила, туку зад тоа стои примитивно кодираниот запис за крвната одмазда. Тој во градот го бара Павел Најдовски, чиј татко на почетокот на векот го убил неговиот дедо Осман Карахасан, во една би можело да се рече, митски исконструирана семејна трагедија. Приказната тече вака: Осман Карахасан е нападнат од арамии. Ранет скока во реката иако не знае да плива. На нивите покрај реката е Митре Најдовски кој, ризикувајќи да биде виден од арамиите го спасува Осман од давење. По заздравувањето на раните, Осман и Митре стануваат побратими. Митре и неговата жена Велика немаат деца, но се грижат за Павел, син на братот на Митре, Насте, кој по смртта на сопругата заминува со комитите на војводата Александар Левчановски. Осман, пак, има четири ќерки и копнее да има син. Тој има два брата. Кога едниот од нив гине како војник на султанот, тогаш помладиот, момче со врела крв, реагира жестоко и во непотребен конфликт убива турски џандар. Осуден е со смртна казна. Осман Карахасан го моли кајмакамот да го поштеди неговиот, сега единствен брат, а како противуслуга ја нуди главата на војводата Александар. Осман бара амнестија и за братот на Митре, сметајќи на неговата помош во фаќањето на војводата. Митре одбива да помогне. Осман се служи со измама. Го грабнува малиот Павел, па Митре соочен со уцената го издава засолништето на војводата. Војводата е фатен, Павел го враќаат дома, комитата Насте го убива братот Митре, а потоа и Осман Карахасан… Тоа е причината поради која Орхан Карахасан го бара сега веќе возрасниот Павел Најдовски, кој нема никаква вина во овој синџир на убиства, освен што е единствениот машки потомок на семејството. Примитивниот обичај - крвната освета - го наоѓа во туѓа земја каде што живее под туѓо име, а неговите две ќерки за Македонија знаат едвај нешто од премолченото потекло на нивниот татко. Но дури и таму, потомокот на фамилијата Карахасан го пронаоѓа, и сè се комплицира уште повеќе, кога Орхан Карахасан (не знаејќи) се зближува со една од ќерките на Павел…

Автори:


Режија: Јан Хинтенс
Директор на фотографија: Луј-Филип Капел; Глин Спекарт
Монтажа: Филип Руве
Продуцент: Јан Хинтенс; Ерик Ван Берен
Музика: Бо Спенк
Сценографија: Лудо Волдерс; Миле Младеновиќ
Тон: Дан Ван Бевер; Кристин Чарпаил
Дијалози: Слободан Деспотовски; Јан Хинтјен; Боб Гусенс
Микс: Билфред Ван Бален

Улоги: Рик Ван Уфелен, Ан Еш, Кристоф Виен, Мемет Улусy

Фотографии: