< Назад

Гешовска Нада

Биографија: (Прилеп, 24.5.1930 - 06.01.2003) Филмска и театарска актерка. Актерската кариера ја започнува 1951 година во прилепскиот театар, остварувајќи успешни улоги. Од 1958 година е член на Македонскиот народен театар во Скопје, а во 1964 преоѓа во Драмски театар. Филмската кариера ја започнува со помали улоги, но нејзиниот лик набрзо е прифатен како прототип на народна жена, облагороден со тага и дискретно изразено достоинство. Во текот на својата актерска кариера остварува бројни филмски и театарски улоги. Добитник е на награди и признанија, меѓу кои и Наградата „13 Ноември“.

Филмографија:

1964: Под исто небо ( Главна улога, )
1966: До победата и по неа ( Споредна улога, )
1967: Мементо ( Главна улога, )
1968: Планината на гневот ( Главна улога, )
1969: Време без војна ( Споредна улога, )
1970: Цената на градот ( Споредна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Главна улога, )
1971: Жед ( Споредна улога, )
1975: Јад ( Главна улога, )
1980: Оловна бригада ( Споредна улога, )
1997: Преку езерото ( Споредна улога, )
1999: Време, живот ( Споредна улога, )