< Назад

Ангеловски Коле

Биографија: (Скопје, 14.3.1943 - ) Филмски, театарски и телевизиски актер и режисер. Дипломира актерство на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. На филм, како актер, дебитира уште како студент, 1962 година, во југословенскиот филм САША, на режисерот Раденко Остоиќ и ја добива дебитантската награда на Филмскиот фестивал во Пула (1963), а 1965 година на истиот фестивал и наградата Најдобар млад актер, за улогата во филмот ДА СЕ ДОЈДЕ И ДА СЕ ОСТАНЕ на режисерот Бранко Бауер. Од 1967 година работи во Драмскиот театар во Скопје. Ангеловски има режирано два играни филма. За својот режисерски првенец ТАТКО (КОЛНАТИ СМЕ ИРИНА - 1973) ја добива престижната Награда „Кокањ Ракоњац“ на филмскиот фестивал во Пула.Тој е автор и на втората филмска комедија во македонската кинематографија по МИРНО ЛЕТО на Д. Османли, ВИКЕНД НА МРТОВЦИ, за којшто ја добива Наградата „Златна рипка“ за режија, на Фестивалот на филмска комедија во Голубац, СР Југославија. Ангеловски се занимава и со театарска режија и има режирано голем број театарски претстави.


Награди: 1963 ФЈИФ Пула, Награда за најдобар дебитант / „Саша“ 1965 ФЈИФ Пула, Награда „Најдобар млад актер“ / „Да се дојде и да се остане“ 1973 ФЈИФ Пула, Награда „Кокан Ракоњац“ за најпоетичен филм на режисер дебитант /„Татко“ 1988 Фестивал на филмска комедија Голубац (Југославија), Главна награда за режија / „Викенд на мртовци“ 1988 Фестивал на филмска комедија Голубац (Југославија), Трета награда од публиката / „Викенд на мртовци“

Филмови: 1962 САША (SAšA), актер, игран, Авала филм Белград 1964 ПОПЛАДНЕ (POPODNE), актер, игран, Сутјеска филм Сараево 1964 LITO VILOVITO, актер, игран, Авала филм Белград 1964 НАРОДЕН ПРАТЕНИК (NARODNI POSLANIK), актер, игран, Босна филм Сараево 1966 ПО КОЊУХ ПЛАНИНА (КОНјУХ ПЛАНИНОМ), актер, игран, Босна филм Сараево 1966 СРЕЌНИТЕ УМИРААТ ДВА ПАТИ (SRETNI UMIRU DVAPUT), актер, игран, Босна филм Сараево 1966 ВРЕМЕ НА ЉУБОВТА (VREME LJUBAVI), актер, игран, Авала филм Белград 1965 ДА СЕ ДОЈДЕ И ДА СЕ ОСТАНЕ (DOĆI I OSTATI), актер, игран, Јадран филм Загреб, Авала филм Белград 1965 СВЕТСКИ ЧОВЕК (ČOVEK OD SVITA), актер, игран, Јадран филм Загреб, Авала филм Белград 1965 СЕДМА ТУРА, актер, игран, Академија за театар, филм, радио и телевизија Белград 1967 ТВРДИНА НА СИЛЕЏИИТЕ (GRAJSKI BIKI), актер, игран, Виба филм Љубљана 1969 КРОС КОНТРИ, актер, игран, Дунав филм Белград, Филмско студио Титоград 1970 ХРАНЕНИК (HRANJENIK), актер, игран, Јадран филм Загреб 1971 ВО ГОРАТА РАСТЕ ЗЕЛЕН БОР (U GORI RASTE ZELEN BOR), актер, игран, Јадран филм Загреб 1975 ГО ПОЗНАВАТЕ ЛИ ПАВЛЕ ПЛЕША (POZAJETE LI PAVLA PLEŠA), актер, игран, Телефилм Белград 1981 БАНОВИЌ СТРАХИЊА, актер, игран, Јадран филм Загреб, ЦФС Кошутњак Белград 1987 АЈДЕ ДА СЕ САКАМЕ (ХАЈДЕ ДА СЕ ВОЛИМО), актер, игран, ТРЗ Белград 1988 АЗРА, актер, игран, РО Форум Сараево, ТВ Сараево 1989 СОБИРЕН ЦЕНТАР (SABIRNI CENTAR), актер, игран, ЦФС Авала филм Белград, РО Тера филм Нови Сад, Арт филм 80 Белград, Центар филм Белград, ТВ Белград, Маестро филм Загреб

Филмографија:

1966: До победата и по неа ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Главна улога, )
1967: Мементо ( Споредна улога, )
1967: Патека ( Сценарио, )
1969: Време без војна ( Споредна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Главна улога, )
1971: Жед ( Главна улога, )
1973: Татко (Колнати сме, Ирина) ( Режија, Сценарио, )
1979: Додека водата тивко шумоли ( Режија, )
1980: Оловна бригада ( Главна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Главна улога, )
1982: Јужна патека ( Главна улога, )
1984: Нели ти реков ( Главна улога, )
1988: Викенд на мртовци ( Режија, )