< Назад

Петровски Мето

Биографија: (Иванчишта, Кичевско, 23.5.1935) Филмски и телевизиски режисер и снимател. Завршува Филмска школа во Белград, на отсекот за филмски снимател. По едногодишна практика во „Вардар филм“, на конкурсот во Советот за култура на СРМ добива стипендија за студии на Филмскиот институт во Загреб, отсек режија. Паралелно студира режија и светска и југословенска литература на загрепскиот универзитет. Како режисер дебитира со документарниот филм СЕЛИДБИ (1965). Има реализирано преку 60 документарни и кусометражни филмови коишто се прикажувани на многу домашни и светски фестивали. Со документарниот филм ВИРОВО учествува на Филмскиот фестивал во Кан. Покрај работата на филм, тој има реализирано и преку 30 телевизиски емисии, од коишто се истакнуваат: ПЕТТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ, ИСЕЛУВАЊЕ НА ЕВРЕИТЕ ОД БИТОЛА, ПРОЗИВКА НА БЕЛ КАМЕН и емисијата ОНА ШТО БЕШЕ НЕБО. Емисијата РАЃАЊЕ НА МУРАЛОТ е прогласена за најдобра емисија на ЈРТ во 1987 година во својот жанр. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златен медал на белградскиот фестивал за филмот ГОЛГОТА, Сребрен медал во Белград за филмот ВРАНЕШНИЦА и Бронзен медал на истиот фестивал за филмот ПОДМОЛНА СИЛА, Бронзен змеј во Краков за филмот ГОЛГОТА и други.


Награди: 1976 ФЈДКФ Белград, Сребрен медал и Специјална диплома за режија / „Вранештица“ 1978 ФЈДКФ Белград, Бронзен медал и Диплома за режија / „Подмолна сила“ 1978 ФЈДКФ Белград, Златен медал за режија / „Голгота“ 1991 ФЈДКФ Белград, Прва награда во меѓународна селекција/ „Календар“

Филмографија:

1961: Детето од колоната ( Асистент на режија, )
1961: 11 Oктомври 1941-1961 ( Асистент на режија, )
1961: Македонија 1941 ( Асистент на режија, )
1961: Твојот роденден ( Асистент на режија, )
1962: Вибрациони мотори ( Асистент на режија, )
1962: Бараме леб ( Организатор на снимање, )
1965: Селидби ( Режија, )
1965: Денови на искушение ( Асистент на режија, )
1966: Хроника на злетовските рудници ( Режија, )
1967: Рудник „Саса“ ( Режија, Сценарио, )
1967: Македонска крвава свадба ( Асистент на режија, )
1968: Вирово ( Режија, )
1969: Време без војна ( Асистент на режија, )
1969: Темно огледало ( Режија, )
1970: Крсте Петков Мисирков ( Режија, )
1970: Тито во Македонија ( Режија, Сценарио, )
1971: Тапанџии ( Режија, Сценарио, )
1971: Поле ( Режија, )
1972: Светлините на градот ( Режија, )
1973: Луѓе зад планината / Кичево 1971 ( Режија, Сценарио, )
1974: Столетие на прекалените ( Режија, Сценарио, )
1974: Скопски железнички јазол ( Режија, Сценарио, )
1974: VI Конгрес на СКМ ( Режија, )
1974: Сто години железници во Македонија ( Режија, Сценарио, )
1976: Вранештица ( Режија, Сценарио, )
1977: Очите мора да гледаат а срцето спие ( Режија, Сценарио, )
1977: Фабрика за акумулатори „Злетово“ ( Режија, Сценарио, )
1978: Подмолна сила ( Режија, Сценарио, )
1979: Голгота ( Режија, Сценарио, )
1980: Најдрагиот учител ( Режија, Сценарио, )
1980: Време, води ( Помошник на режија, )
1982: Ткаачки ( Режија, Сценарио, )
1982: Снимка за историјата ( Режија, )
1983: Отворен колосек ( Режија, Сценарио, )
1984: Тунел ( Режија, )
1984: Транспортен центар ( Режија, Сценарио, )
1985: Полноќни танцувачи ( Режија, Сценарио, )
1985: Автопат ( Режија, Сценарио, )
1985: Металски завод „Тито“ ( Режија, Сценарио, )
1985: Патишта во СР Македонија ( Режија, Сценарио, )
1988: Пчеларник ( Режија, )
1988: Сизиф ( Режија, Сценарио, )
1989: Да се остави трага ( Режија, Сценарио, )
1990: Календар ( Режија, )
1996: Стопанска Банка ( Режија, Сценарио, )

Награди: