< Назад

Ангеловски Шишман

Биографија: (Софија, 1937 - Скопје, 1995) Филмски, телевизиски и театарски актер. Професионалната кариера Шишман Ангеловски ја започна во Куклениот театар во Скопје во 1957 година. Истата година почна да настапува и на сцената на Македонскиот народен театар. Член на Драмскиот театар станува во 1959 година, каде што има одиграно преку 80 улоги. Добитник е на Наградата на Здружението на драмските уметници на Македонија, како и на неколку други признанија добиени за остварувања на филмот. Беше прогласен за Најпопуларно ТВ лице во Македонија.

Филмографија:

1969: Време без војна ( Главна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Споредна улога, )
1972: Истрел ( Споредна улога, )
1973: Татко (Колнати сме, Ирина) ( Споредна улога, )
1976: Најдолгиот пат ( Главна улога, )
1980: Време, води ( Главна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Споредна улога, )
1991: Тетовирање ( Споредна улога, )
1993: Македонска сага ( Споредна улога, )