< Назад

Гапо Ивановски Бранко

Биографија: (Тетово, 5.11.1931 - ) Филмски, телевизиски и театарски режисер. Дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје. Со филм започнува да се занимава уште во најраната младост, како филмски аматер. Веќе во педесеттите години, како професионалец ги снима своите први документарни филмови (Скопски магазин, Фабрика за цигари, Огрев, Птиците доаѓаат, Граница и др.), по што следува богат опус од документарни и кратки играни филмови. Во овој период е соработник на повеќе режисери и како асистент на режија работи со Франце Штиглиц и Димитрие Османли, а исто така и со А. Ганц и Вилијам Дитерле. Во 1965 година го снима својот прв игран филм ДЕНОВИ НА ИСКУШЕНИЕ, а веќе 1969 година играниот филм ВРЕМЕ БЕЗ ВОЈНА му ја донесува Наградата за режија на филмскиот фестивал во Пула, Сребрената плакета на фестивалот во Авелино и републичката награда 11 Октомври. Гапо, исто така, има забележителни телевизиски и театарски режии. Добитник е на Наградата 11 Октомври за животно дело и за долгогодишни особено значајни остварувања во областа на културата и уметноста (1997). Живее во Скопје.


Награди: 1962 ФЈДКФ, Белград, Трета награда за режија / „Граница“ 1964 Прва меѓународна смотра на фолклорни и етнографски филмови на балканските народи, Почесна диплома / „Последни номади“ 1969 ФФ, Загреб, Диплома / „Животот во рацете на секундата“ 1969 ФЈИФ, Пула, Специјална диплома за режија / „Време без војна“ 1970 Награда 13 НОЕМВРИ / „Време без војна“ 1972 МФФ, Авелино, Сребрен медал / „Време без војна“ 1976 ФЈИФ, Пула, Голема сребрена арена за филм / „Најдолгиот пат“

Филмови: 1956 V ПАРТИЗАНСКИ ИГРИ ВО МАКЕДОНИЈА, режија, документарен, Зора филм Загреб 1963 ПАРИ ВО БАРИТЕ, сценарио, режија, документарен, Дунав филм Белград 1964 ЛУЃЕ ПОД СУВАТА ПЛАНИНА, сценарио, режија, документарен, Загреб филм 1974 БИЗАНТ, сценарио, режија, документарен, Адриа филм Загреб 1988 ПЛАСТИКА, режија, документарен, Вардар филм 1994 АСНОМ, режија, документарен, Вардар филм

Филмографија:

1950: Филмски преглед бр. 23 ( Соработник, )
1951: Филмски преглед бр. 26 ( Редактор, )
1951: Филмски преглед бр. 27 ( Редактор, )
1953: Миравска свадба ( Асистент на режија, )
1953: Скопски магазин ( Режија, )
1953: Фабрика за цигари во Скопје ( Режија, )
1953: Огрев ( Режија, Сценарио, )
1953: Шапкарница „Македонија“ ( Режија, Сценарио, )
1953: Мугри во полињата ( Режија, Сценарио, )
1953: Вардар - Работнички ( Режија, Сценарио, )
1954: Четврти скопски саем ( Режија, Сценарио, )
1954: Фабрика Треска ( Режија, Сценарио, )
1956: Шести скопски саем ( Режија, Сценарио, )
1956: Пролетни надежи ( Режија, Сценарио, )
1956: Птиците доаѓаат ( Режија, )
1959: Виза на злото ( Асистент на режија, )
1959: По врвиците на слободата ( Режија, Сценарио, )
1959: Хидроцентралите Врбен и Равен ( Режија, )
1960: Сонце на младоста ( Режија, Сценарио, )
1961: Мирно лето ( Асистент на режија, )
1961: 14 финале на фудбалскиот куп ( Режија, Сценарио, )
1961: Градот на Вардар ( Режија, )
1961: Помеѓу две разделби ( Режија, Сценарио, )
1962: Граница ( Режија, )
1962: Вибрациони мотори ( Режија, )
1962: Тито меѓу младината ( Режија, Сценарио, )
1962: Стихија ( Режија, Сценарио, )
1963: Скопје, комунални проблеми ( Режија, Сценарио, )
1963: Македонија 1942 ( Режија, )
1964: Проштевање ( Режија, )
1964: Школски распуст ( Режија, Сценарио, )
1964: Ароматично злато ( Режија, )
1964: Последни номади ( Режија, Сценарио, )
1965: Денови на искушение ( Режија, Сценарио, )
1965: Животот во рацете на секундата ( Режија, )
1966: Патем ( Режија, Сценарио, )
1967: Лето господово ( Режија, )
1968: По пат одам, за пат прашам ( Режија, )
1969: Време без војна ( Режија, )
1971: Тито во Македонија ( Режија, Сценарио, )
1971: Помеѓу два Илиндена ( Режија, Сценарио, )
1972: Истрел ( Режија, )
1976: Најдолгиот пат ( Режија, )
1976: Козите ... и друго по десет години ( Режија, Сценарио, )
1976: Amen Siam But Roma ( Режија, )
1977: Црн бор ( Режија, Сценарио, )
1978: Лето Господово ( Режија, Сценарио, )
1980: Време, води ( Режија, )
1984: Гостивар вчера и денес ( Режија, Сценарио, )
1985: Ангроинженеринг ( Режија, Сценарио, )
1987: Тетово низ историјата и денес ( Режија, Сценарио, )
1993: Македонска сага ( Режија, Сценарио, )