< Назад

Петковски Љубе

Биографија: (Скопје, 4.12.1924) Филмски работник, еден од филмските сниматели-доајени во Македонија. По завршувањето гимназија, се запишува на студии на Високата филмска школа во Белград. Одреден период поминува во „Јадран филм“ - Загреб и на студиски престој во Франција и Источна Германија. Од 1947 до 1983 година работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ - Скопје, а потоа добива статус на слободен филмски работник. Во филмската продукција се појавува и како автор и коавтор на неколку филмски сценарија. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна арена за камера во филмот ЈАД на Филмскиот фестивал во Пула (1975), Краковски змеј на Меѓународниот фестивал на кратки филмови во Краков (1979) за филмот ГОЛГОТА, Голема златна статуета Милтон Манаки за животно дело, Награда „13 Ноември“ на градот Скопје, републичката награда „11 Октомври“ и др.


Награди: 1950 Одликување со Указ на Владата на НРМ / „Народна техника“ 1955 Јубилејна плакета по повод 10 годишнина на југословенската кинематографија 1955 ФЈИФ, Пула, „Вјесник у среду“ и градот Пула доделуваат плакета / „Волча ноќ“ 1965 Јубилејна плакета по повод 20 годишнината на југословенската кинематографија 1970 Републичка награда 11 Октомври за снимателска работа / „Време без војна“ 1975 13 Ноември - награда на градот Скопје / „Јад“ 1980 ФЈДКФ, Белград, повелба „Милтон Манаки“ за посебни заслуги и траен придонес 1988 Советот на фестивалот „Милтон Манаки“, Битола, Голема златна статуетка „Милтон Манаки“ за траен придонес во развојот на македонското и југословенското снимателско творештво

Филмови: 1962 ПРЕСМЕТКА, директор на фотографија, игран, Авала филм Белград 1963 НЕВЕСИЊСКА ПУШКА, директор на фотографија, игран, Јадран филм Загреб 1972 КАКО ДА СЕ УМРЕ (KAKO UMRETI) директор на фотографија, игран, Косово филм Приштина

Филмографија:

1948: Филмски преглед бр. 3 ( Снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 4 ( Асистент снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 7 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 8 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 9 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 11 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 12 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 13 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 15 ( Снимател, )
1950: Филмски преглед бр. 21 ( Снимател, )
1950: Народна техника ( Снимател, )
1950: Памук од задружните полиња ( Снимател, )
1951: Филмски преглед бр. 25 ( Снимател, )
1951: Културен живот во Македонија ( Снимател, )
1952: Фросина ( Асистент снимател, )
1953: Преспа ( Снимател, )
1953: Приказна за човекот и овците ( Снимател, )
1953: Европа ( Снимател, )
1954: Охрид ( Снимател, )
1954: IV Сојузно падобранско првенство ( Режија, Снимател, Сценарио, )
1954: Илинден 1903 ( Снимател, )
1954: Македонски тутун ( Снимател, )
1955: Волча ноќ ( Директор на фотографија, )
1955: Ритам и звук ( Снимател, )
1955: Стара чаршија ( Снимател, )
1955: Галичка свадба ( Снимател, )
1955: Дервиши ( Снимател, )
1955: Десет години слободен мај ( Снимател, )
1956: Филмски репортер бр. 1 ( Снимател, )
1956: Филмски репортер бр. 4 ( Снимател, )
1956: Катастрофа во Маврово ( Снимател, )
1956: Распламтени факли ( Снимател, )
1956: По трагите на катастрофата во Маврово ( Снимател, )
1956: Птиците доаѓаат ( Снимател, )
1957: Средновековни фрески во Македонија ( Снимател, Сценарио, )
1957: Во стариот крај ( Снимател, )
1957: Бунт на куклите ( Директор на фотографија, Сценарио, )
1958: Мис Стон ( Асистент снимател, )
1959: Дневникот на еден клас ( Снимател, )
1959: По врвиците на слободата ( Снимател, )
1959: Младич со ружа ( Снимател, )
1959: Претседателот Тито се врати во земјата ( Снимател, )
1959: Трет конгрес на СКМ ( Снимател, )
1959: Дубровски ( Асистент снимател, )
1960: Мелиорации во кумановска околија ( Снимател, )
1960: Први Мај 1960 ( Снимател, )
1960: Фабрика за фрижидери „Битола“ ( Снимател, )
1961: Мирно лето ( Директор на фотографија, )
1961: Солунските атентатори ( Директор на фотографија, )
1961: 11 Oктомври 1941-1961 ( Снимател, )
1961: 13 Ноември 1961 ( Снимател, )
1961: Изморениот патник ( Снимател, )
1961: Последни патувања ( Снимател, )
1962: Тито меѓу младината ( Снимател, )
1962: Бараме леб ( Снимател, )
1963: Скопски репортер бр. 3 ( Снимател, )
1963: Културно богатство во урнатини ( Снимател, )
1963: Василие Поповиќ - Цицо ( Снимател, )
1964: Проштевање ( Снимател, )
1964: Кратовско злато ( Снимател, )
1964: Полошки огнови ( Снимател, )
1964: Скопје '63 ( Снимател, )
1965: Григор Прличев ( Снимател, )
1965: Охридските трубадури ( Снимател, )
1965: Предизборни разговори ( Снимател, )
1965: Насмевнете се, молам ( Снимател, )
1966: До победата и по неа ( Директор на фотографија, )
1966: Венчавка на една фотографија ( Снимател, )
1966: Хроника на злетовските рудници ( Снимател, )
1967: Лето господово ( Снимател, )
1968: По пат одам, за пат прашам ( Снимател, )
1968: Споменик ( Директор на фотографија, )
1969: Време без војна ( Директор на фотографија, )
1969: Magna Carta Libertatum (Документи за и против нашето време) ( Снимател, )
1970: Стакларница ( Снимател, )
1970: Мелиорации ( Снимател, )
1970: Битолско поле ( Снимател, )
1970: Струшко поле ( Снимател, )
1971: Црно семе ( Директор на фотографија, )
1971: Жед ( Директор на фотографија, )
1973: Гоце Делчев ( Снимател, )
1973: Илинденски денови ( Снимател, )
1974: Гоцев ден ( Снимател, )
1975: Јад ( Директор на фотографија, )
1976: Козите ... и друго по десет години ( Снимател, )
1976: Лазар Личеноски - серија портрети ( Снимател, )
1976: Вранештица ( Снимател, )
1977: Фаулбал ( Сценарио, )
1977: Никола Мартиноски ( Снимател, )
1977: Тулгеш ( Снимател, )
1977: Фабрика за акумулатори „Злетово“ ( Снимател, )
1977: Винојуг ( Снимател, )
1978: Побрзај, полека ( Снимател, )
1978: Подмолна сила ( Снимател, )
1979: Голгота ( Снимател, )
1980: Време, води ( Директор на фотографија, )
1980: Најдрагиот учител ( Снимател, )
1982: Јужна патека ( Директор на фотографија, )
1982: Студенчица ( Снимател, )
1984: Гостивар вчера и денес ( Снимател, )
1987: Хидромелиоративен систем „Струмица“ ( Снимател, )
1987: Хидромелиоративен систем „Тиквеш“ ( Снимател, )
1987: Хидромелиоративен систем „Брегалница“ ( Снимател, )
1987: Хидромелиоративен систем „Пелагонија“ ( Снимател, )
1988: Хидромелиоративен систем „Струшко поле“ ( Снимател, )

Награди: