Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 26 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 0
Година: 1954
Содржина: Пропаганден филм кој нагледно ги претставува фазите во одгледувањето на тутунот и тоа од приготвувањето расад, потоа засадувањето, бербата, нижењето, штавењето, па се до сушењето. Филмот има и наставно-едукативно значење, бидејќи фазите се опишани од научен аспект, со практични совети за правилно одгледување на тутунот, заради добивање на што повисоки приноси.
Автори:
Други соработници:
асистент снимател -- Благоја Прличков
диригент -- Ладислав Палфи
музиката ја изведува -- Симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија
организатор на снимање -- Коста Крстевски