< Назад

Панков Драгомир

Биографија: (Скопје, 16.4.1920 - Скопје, 2004) Филмски монтажер. По завршувањето на средното образование, заминува на специјализација за трговија и декоративна вештина во Нови Сад. Во ноември 1947 година започнува да работи во „Вардар филм“ во одделението за пропаганда. Покажувајќи интерес за монтажата на филмовите, од 1948 е префрлен во одделението за монтажа, каде што се оспособува за ова занимање. Истата година ја започнува својата богата кариера на филмски монтажер, пред сè на документарните филмови на Кочо Недков. По 37 години работа како филмски монтажер и по околу 160 измонтирани филмови на огромен број автори и за повеќе филмски продуцентски институции, од јуни 1985 година заминува во пензија, но тоа не значи дека престанува да работи. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и на Златен медал Белград на ФЈДКФ (1982) година, за најдобра монтажа на филмот БОПС.


Награди: 1982 ФЈДКФ, Белград, Златен медал - Белград за монтажа / „Бопс“

Филмови: 1956 НАВОДНУВАЊЕ (NAVODNJAVANJE), монтажа, документарен, Зора филм Загреб 1956 ПЕТТИ ПАРТИЗАНСКИ ИГРИ ВО МАКЕДОНИЈА (PETE PARTIZANSKE IGRE U MAKEDONIJI), монтажа, документарен, Зора филм Загреб 1957 ОВОШТАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА (VOČARSTVO U MAKEDONIJI), монтажа, документарен, Зора филм Загреб 1957 ЛОЗАРСТВО (LOZARSTVO), монтажа, документарен, Зора филм Загреб 1957 ВЕШТАЧКО ОСЕМЕНУВАЊЕ (VEŠTAČKO OSEMENJIVANJE), монтажа, документарен, Зора филм Загреб 1964 ЛУЃЕ ПОД СУВА ПЛАНИНА (LJUDI POD SUVOM PLANINOM), монтажа, документарен, Загреб филм Загреб 1965 ДЕЦАТА ИМААТ ИСТА НАСМЕВКА И СОЛЗИ (DECA IMAJU ISTI OSMEH I PLAČ), монтажа, документарен, Филмски новости Белград 1969 ЕДНО РАЃАЊЕ (NJE LINDJE), монтажа, документарен, Космет филм Приштина

Филмографија:

1948: Илинден 1948 ( Монтажа, )
1950: Пет години НРМ ( Монтажа, )
1950: Филмски преглед бр. 18 ( Монтажа, )
1950: Филмски преглед бр. 19 ( Монтажа, )
1951: Филмски преглед бр. 25 ( Монтажа, )
1951: Филмски преглед бр. 26 ( Монтажа, )
1951: Филмски преглед бр. 27 ( Монтажа, )
1951: Културен живот во Македонија ( Монтажа, )
1951: Нашите први искри ( Монтажа, )
1952: Со бродот „Македонија“ од Ријека до Њујорк ( Монтажа, )
1953: Преспа ( Монтажа, )
1953: Кој е крив? ( Монтажа, )
1953: Пожар ( Монтажа, )
1953: Приказна за човекот и овците ( Монтажа, )
1953: Скопски магазин ( Монтажа, )
1953: Фабрика за цигари во Скопје ( Монтажа, )
1953: Градинар ( Монтажа, )
1953: Служба за трансфузија на крв – Служба на народот ( Монтажа, )
1953: Европа ( Монтажа, )
1953: Пастеризирано млеко ( Монтажа, )
1953: Партизан ( Монтажа, )
1953: Огрев ( Монтажа, )
1953: Шапкарница „Македонија“ ( Монтажа, )
1953: Мугри во полињата ( Монтажа, )
1953: Тито меѓу нас ( Монтажа, )
1953: Журнал 11 О.О.Н ( Монтажа, )
1954: Приказна за нашите дни ( Монтажа, )
1954: Охрид ( Монтажа, )
1954: На падините на Шара ( Монтажа, )
1954: Втор конгрес на СКМ ( Монтажа, )
1954: Илинден 1903 ( Монтажа, )
1954: Македонски тутун ( Монтажа, )
1954: Македонски тутун II ( Монтажа, )
1955: Ритам и звук ( Монтажа, Монтажа на тон, )
1955: Галичка свадба ( Монтажа, )
1955: Попова Шапка ( Монтажа, )
1955: Десет години слободен мај ( Монтажа, )
1955: Комитска легенда ( Монтажа, )
1955: Кумановска Отља ( Монтажа, )
1955: Волча ноќ ( Асистент на монтажа, )
1956: ПАЗ - Воена опасност ( Монтажа, )
1956: Шести скопски саем ( Монтажа, )
1956: Катастрофа во Маврово ( Монтажа, )
1956: Пролетни надежи ( Монтажа, )
1956: Скротена стихија ( Монтажа, )
1956: Распламтени факли ( Монтажа, )
1956: Човеку, не уништувај ме ( Монтажа, )
1956: По трагите на катастрофата во Маврово ( Монтажа, )
1956: Прва изложба на југословенскиот тутун ( Монтажа, )
1956: Филмски репортер бр. 4 ( Монтажа, )
1957: Претседателот Тито во посета на Титов-велешка околија ( Монтажа, )
1957: Полог (економски преглед) ( Монтажа, )
1957: Полог (туристички преглед) ( Монтажа, )
1957: Со Тито низ Македонија ( Монтажа, )
1957: Претседателот Тито во посета на земјоделската задруга „Изворски“ с. Богданци ( Монтажа, )
1957: Бунт на куклите ( Монтажа, )
1957: Подарок од веселиот молер ( Монтажа, )
1957: Сонце зад решетки ( Монтажа, )
1957: Мерино ( Монтажа, )
1957: Во пресрет на изборите ( Монтажа, )
1957: Македонија ( Монтажа, )
1957: Низ индустриските објекти во Македонија ( Монтажа, )
1957: Земјоделие ( Монтажа, )
1958: Во пазувите на Шара ( Монтажа, )
1958: Охридско Езеро ( Монтажа, )
1958: По трагите на јагулите ( Монтажа, )
1958: Македонски тутун III ( Монтажа, )
1958: Мис Стон ( Асистент на монтажа, )
1959: Виза на злото ( Асистент на монтажа, )
1959: Младич со ружа ( Монтажа, )
1959: Препородени полиња ( Монтажа, )
1959: Нерадосни игри ( Монтажа, )
1959: Дневникот на еден клас ( Монтажа, )
1959: По врвиците на слободата ( Монтажа, )
1959: Обнова на Охридската архиепископија ( Монтажа, )
1959: Допири со смртта ( Монтажа, )
1959: Хидроцентралите Врбен и Равен ( Монтажа, )
1959: Бели штркови ( Монтажа, )
1959: Гигант „Маврово“ ( Монтажа, )
1959: Претседателот Тито се врати во земјата ( Монтажа, )
1960: Давид, Голијат и петел ( Монтажа, )
1960: И морето сонува ( Монтажа, )
1960: Страв ( Монтажа, )
1960: Први Мај 1960 ( Монтажа, )
1960: Мелиорации во кумановска околија ( Монтажа, )
1960: Фабрика за фрижидери „Битола“ ( Монтажа, )
1961: 13 Ноември 1961 ( Монтажа, )
1961: Последни патувања ( Монтажа, )
1961: Сфинга ( Монтажа, )
1961: Помеѓу две разделби ( Монтажа, )
1961: Твојот роденден ( Монтажа, )
1962: Зимски импресии ( Монтажа, )
1962: Граница ( Монтажа, )
1962: Афион ( Монтажа, )
1962: Напуштени олтари ( Монтажа, )
1962: Кој е виновен? ( Монтажа, )
1962: Охридска пастрмка ( Монтажа, )
1962: Тито меѓу нас ( Монтажа, )
1962: Страдни од вода - страдни за вода ( Монтажа, )
1962: Стихија ( Монтажа, )
1962: Бараме леб ( Монтажа, )
1963: Скопје, комунални проблеми ( Монтажа, )
1963: Ехото на мојот град ( Монтажа, )
1963: Нашата доверба ( Монтажа, )
1963: Оваа пролет 1963 ( Монтажа, )
1963: Македонија 1942 ( Монтажа, )
1963: Василие Поповиќ - Цицо ( Монтажа, )
1963: Девојките од Мали ( Монтажа, )
1964: Школски распуст ( Монтажа, )
1964: Додека владееше оризот ( Монтажа, )
1964: Рибарството во Катлановско езеро ( Монтажа, )
1964: Поетот изгнаник ( Монтажа, )
1964: Кеј 13 Ноември ( Монтажа, )
1964: Полошки огнови ( Монтажа, )
1964: Скопски репортер бр. 4 ( Монтажа, )
1964: Скопски репортер бр. 6 ( Монтажа, )
1965: Селидби ( Монтажа, )
1965: Дванаесетте од Папрадник ( Монтажа, )
1965: Григор Прличев ( Монтажа, )
1965: Охридските трубадури ( Монтажа, )
1965: Предизборни разговори ( Монтажа, )
1965: Насмевнете се, молам ( Монтажа, )
1966: Темели на солидарноста ( Монтажа, )
1966: Мариовска свадба ( Монтажа, )
1966: Град на две води ( Монтажа, )
1966: Охридскиот светилник - Климент Охридски ( Монтажа, )
1968: Писмо од Скопје ( Монтажа, )
1968: Дебар 1967 ( Монтажа, )
1968: ХЦ Тиквеш ( Монтажа, )
1968: ХЦ „Глобочица“ ( Монтажа, )
1968: Прилепски хидросистем ( Монтажа, )
1970: Струшко поле ( Монтажа, )
1970: Свадба на Шарпланинецот ( Монтажа, )
1970: Кирил и Методиј ( Монтажа, )
1970: Време за човекот ( Монтажа, )
1970: Мелиорации ( Монтажа, )
1970: Битолско поле ( Монтажа, )
1970: Скопје ( Монтажа, )
1970: Цинкарница ( Монтажа, )
1971: Тапанџии ( Монтажа, )
1971: Поле ( Монтажа, )
1972: Град на човечко препознавање ( Монтажа, )
1972: 11 Октомври, фабрика за заварени цевки и профили ( Монтажа, )
1974: Рацин ( Монтажа, )
1974: Оган ( Монтажа, )
1975: Кочо Солев Рацин ( Монтажа, )
1975: Вода, вода ( Монтажа, )
1975: Видувања ( Монтажа, Монтажа на тон, )
1976: Во својот град ( Монтажа, )
1977: Градежно претпријатие „Маврово“ ( Монтажа, )
1978: ХЕ Шпиље ( Монтажа, )
1980: Крвта на морето (сунѓер) ( Монтажа, )
1981: Во посета на Преспа... Струга... Охрид... ( Монтажа, )
1982: Огнена бригада ( Монтажа, )
1982: БОПС ( Монтажа, )
1982: Студенчица ( Монтажа, )
1987: Хидромелиоративен систем „Струмица“ ( Монтажа, )
1987: Хидромелиоративен систем „Тиквеш“ ( Монтажа, )
1987: Хидромелиоративен систем „Брегалница“ ( Монтажа, )
1987: Хидромелиоративен систем „Пелагонија“ ( Монтажа, )
1988: Хидромелиоративен систем „Мантово“ - Радовиш ( Монтажа, )
1988: Хидромелиоративен систем „Струшко поле“ ( Монтажа, )
1990: Планариите од охридското езеро и околните извори ( Монтажа, )
1990: Рибите на Охридското Езеро ( Монтажа, )