< Назад

Дракул Симон

Биографија: (Лазарополе, 1930 - Скопје, 1999) Писател, истражувач, сценарист. Една година учителствува во осмолетката во Ростуше, а потоа како вонреден студент на Филолошкиот факултет, работи како дописник на „Политика“, репортер во „Млад борец“ и во Радио Скопје. По завршувањето на високото образование докторира историски науки. Од 1958 работи во радио-телевизискиот медиум, директор е на драмата на МНТ и генерален секретар на Сојузот на писателите на Југославија, претседател и повеќегодишен секретар на ДПМ, претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, уредник и член на повеќе редакции. Својата работна кариера ја завршува во Институтот за национална историја. Покрај раскази и романи, пишува и драмски текстови, како и филмски сценарија. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна арена на пулскиот фестивал за сценариото на филмот ДО ПОБЕДАТА И ПО НЕА.


Награди: 1966 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценарио / „До победата и по неа“

Филмографија:

1963: Скопски репортер бр. 1 ( Соработник, )
1963: Скопски репортер бр. 2 ( Соработник, )
1964: Скопски репортер бр. 4 ( Соработник, )
1964: Скопски репортер бр. 5 ( Соработник, )
1964: Скопски репортер бр. 6 ( Соработник, )
1964: Кеј 13 Ноември ( Сценарио, )
1965: Селидби ( Сценарио, )
1966: До победата и по неа ( Сценарио, )
1969: Време без војна ( Сценарио, )
1970: Цената на градот ( Сценарио, )
1993: Македонска сага ( Сценарио, )