< Назад

Македонски Кирил

Биографија: (Битола, 19.1.1925 - Скопје, 1984) Композитор и автор на филмска музика. Се запишува на Музичката академија во Загреб, во класата на Крсто Одак, а во 1959 година дипломира во Сараево, во класата на Иво Бранковиќ. Композиција магистрира во Љубљана. Во 1970 година шест месеци престојува во Варшава како стипендист на Полската влада, а во 1974 година се усовршува на Меѓународниот курс за современа музика во Дармштат. Како автор на филмска музика, се појавува во 1961 година со документарецот „Човек без лице“, по којшто следува негово учество и во други документарни, кратки играни и играни филмови. Освен со композиторска, се занимава и со педагошка дејност работејќи како професор во Битола и во Скопје. Паралелно со компонирањето, се занимава и со проблемите од областа на музичката психологија, особено со музикотерапијата, постигнувајќи резултати што му носат значајни меѓународни признанија.

Филмови: 1961 ЧОВЕК БЕЗ ЛИЦЕ (ČOVJEK BEY LICA), музика, документарен, Сутјеска филм 1963 БЕШЕ НЕКОГАШ СЕЛО (BILO NEKAD SELO), музика, документарен, Сутјеска филм 1963 ВИТЕЗОТ БОЦКО (VITEZ BODLJAN), музика, документарен, Сутјеска филм

Филмографија:

1961: Детето од колоната ( Музика, )
1961: Птици и риби ( Музика, )
1961: Твојот роденден ( Музика, )
1963: Девојките од Мали ( Музика, )
1963: Василие Поповиќ - Цицо ( Музика, )
1963: Невољите на покојникот К.К. ( Музика, )
1967: Македонска крвава свадба ( Музика, )
1968: Вирово ( Музика, )
1970: Цената на градот ( Музика, )
1975: Кочо Солев Рацин ( Музика, )