< Назад

Петрова Рада

Биографија: (Скопје, 16.8.1930 - ) Сликар, филмски и телевизиски костимограф и сценограф. Во 1954 година дипломира на Академијата за применета уметност во Загреб - отсек за текстил и театарска костимографија. Во 1967 година специјализира театарска и филмска уметност во Полска - Варшава. Студиски престој остварува во Будимпешта (Унгарија), во виенската Штац опера (Австрија), а и во повеќе приватни театри, галерии и музеи. Во 1955 се вработува во Македонски народен театар во Скопје како сликар-костимограф, каде што работи 35 години, сè до пензионирањето. Одреден период е и професор на Академијата за глума во Скопје. Учестува како костимограф и сценограф во низа филмови, телевизиски серии, драми, како и во неколку сценографски проекти за драмски, оперски и балетски престави во земјата и во странство. Во периодот 1968-1975 се занимава и со модни креации. За првпат како филмски костимограф се појавува 1961 година во македонскиот игран филм МИРНО ЛЕТО. Се занимава и со уметничка таписерија и овие дела се наоѓаат во музеи и приватни колекции во Македонија, Хрватска, Југославија, Германија, Барцелона, Италија, и др. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: награда за костимографија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“, Прилеп, награда на ДЛУПУМ, Скопје, Орден на трудот со сребрен венец, Стериина награда за костимографија, награда за животно дело на ДЛУПУМ и други.

Филмографија:

1961: Мирно лето ( Костимографија, )
1961: Твојот роденден ( Актер, )
1967: Македонска крвава свадба ( Костимографија, )
1968: Планината на гневот ( Костимографија, )