< Назад

Ангеловски Владимир Дади

Биографија: (Скопје, 22.05.1946 - Скопје, 15.11.2012)
Театарски и филмски актер.
Првите чекори во својата идна професија Владимир Ангеловски ги имал во Радио драмата, додека пак за прв пат на сцената стапнал во 1962 година, кога го играл Оливер Твист кај режисерот Димитрие Османли во тогашниот Младинско-детски театар, денес Драмски театар.
Во 1966 година е ангажиран во Драмски театар, за претставата „Принцот и просјакот“, од кога станува и негов постојан член.
Ангеловски има огромен број улоги, почнувајќи од детски серии и драми, па се до некои од најзначајните македонски филмови, драми и телевизиски серии.

Филмографија:

1967: Мементо ( Споредна улога, )
1988: Викенд на мртовци ( Главна улога, )