< Назад

Христовски Никола

Биографија:
(Липљан, Косово, 16.12.1921 - Скопје, 25.11.2009)
Филмски работник - снимател.
Во 1942 година се запишува на Техничкиот факултет во Падова, Италија, но по капитулацијата на Италија 1943 година, мора да ги прекине студиите и доаѓа во Велес. Во 1947 година, се запишува на групата математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од 1947 до 1949 година работи како асистент на Трајче Попов, кој тогаш работи како снимател-дописник на ФИЛМСКЕ НОВОСТИ, односно на „Звезда филм“ -Белград. Во овој период учествува во снимањето на повеќе документарци, меѓу кои е и Жито за народот, потоа во Албанија каде што била пуштена првата пруга Драч - Елбасан и на снимањето на првата делница Драч - Пеќин. Од 1949 година снима самостојно за ФИЛМСКЕ НОВОСТИ. Ги снимил сите посети на претседателот Тито на Македонија, почнувајќи од 1949 па сè до последната 1978, освен првата во 1945 година.

Филмови: 1964 ПОМОШ НА МЕКСИКО ЗА СКОПЈЕ, снимател, документарен, Филмске новости 1964 ПОМОШ НА АНГЛИЈА ЗА СКОПЈЕ, снимател, документарен, Филмске новости 1964 БЛАГОДАРАМ ПРИЈАТЕЛИ-ПОМОШ НА СОЈУЗОТ НА ЦРКВИТЕ НА СКОПЈЕ, снимател, документарен, Филмске новости 1964 ПОМОШ НА СССР ЗА СКОПЈЕ, снимател, документарен, Филмске новости 1964 ПОМОШ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЗА СКОПЈЕ, снимател, документарен, Филмске новости 1965 СИТЕ ДЕЦА ИМААТ ИСТА НАСМЕВКА И СОЛЗИ, снимател, документарен, Филмске новости 1965 ЧЕХОСЛОВАЧКА ПОМОШ НА СКОПЈЕ, снимател, документарен, Филмске новости 1965 БУГАРСКА ПОМОШ НА СКОПЈЕ, снимател, документарен, Филмске новости 1966 БЛАГОДАРАМ ПРИЈАТЕЛИ-РОМАНСКА ПОМОШ НА СКОПЈЕ, снимател, документарен, Филмске новости 1966 ПРВИОТ СОГРАЃАНИН-ПОМОШ НА ПОЛСКА ЗА СКОПЈЕ, снимател, документарен, Филмске новости 1971 КОСОВСКИ МОЗАИК, снимател, документарен, Југославија публик-Белград, Филмске новости 1973 ДРВНОИНДУСТРИСКИ КОМБИНАТ ТРЕСКА, снимател, документарен, Филмске новости 1975 СТО ГОДИНИ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА ЈУГОСЛАВИЈА, снимател, документарен, Филмске 1975 ТИТО НА КОСОВО, снимател, документарен, Косова филм Приштина 1976 ЛЕБ, СОЛ И СРЦЕ, снимател, документарен, Косова филм Приштина 1976 ЕНЕРГОИНВЕСТ ВО ЗЕМЈАТА И СВЕТОТ, снимател, документарен, Филмске новости 1978 ЈУГОСЛАВИЈА 78, снимател, документарен, Филмске новости 1979 ТИТО И КОСОВО 79, снимател, документарен, Косова филм Приштина 1980 ЈУГ 79, снимател, документарен, Филмске новости 1981 ЕНЕРГОПРОЕКТ, снимател, документарен, Филмске новости 1982 XII КОНГРЕС НА СКЈ, снимател, документарен, Филмске новости 1983 МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР ЈОСИП БРОЗ ТИТО, снимател, документарен, Филмске новости

Филмографија:

1948: Филмски преглед бр. 2 ( Асистент снимател, )
1953: Тито меѓу нас ( Снимател, )
1957: Претседателот Тито во посета на Титов-велешка околија ( Снимател, )
1957: Со Тито низ Македонија ( Снимател, )
1957: Претседателот Тито во посета на земјоделската задруга „Изворски“ с. Богданци ( Снимател, )
1972: Светлините на градот ( Снимател, )
1977: Фаулбал ( Снимател, )
1982: Снимка за историјата ( Асистент снимател, )