< Назад

Наумовски Душан

Биографија: (Битола, 1938 - ) Филмски, телевизиски и театарски режисер. Завршува режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Од 1961 до 1965 година работи во Народниот театар во Битола, а од 1965 година е режисер во Македонската телевизија. Освен како режисер, се појавува и како косценарист во повеќе телевизиски остварувања.

Филмови: 1969 ДАЗЛИСИОР, режија, игран, Македонска телевизија 1970 ВЕСЕЛИОТ ИВАН ГАЛАБИН, режија, игран, Македонска телевизија 1973 СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС, режија, игран, Македонска телевизија 1974 ПАТ КОН ИДНИНАТА, режија, игран, Македонска телевизија 1978-1982 ЗАКОПАНА МИСТРИЈА, режисер, документарна серија, Македонска телевизија 1986 АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ, режисер, документарен, Македонска телевизија

Филмографија:

1966: До победата и по неа ( Асистент на режија, )
1967: Лифт горе, лифт долу ( Режија, )
1971: Придружници ( Режија, )