< Назад

Панов Митко

Биографија: (Скопје, 17.04.1963 - ) Македонски филмски режисер. Студирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во период од 1983 - 1988 студира филмска режија на Високото државно училиште за филм, телевизија и театар во Лоѓ, Полска. Неговиот краткометражен филм „Со кренати раце“ освои повеќе меѓународни награди вклучувајки ја и Златната палма за најдобар краткометражен филм во Кан 1991. Добива награди и на фестивалите во Минхен, Краков, Тел Авив, Римини и Монте Касино. Неговите остварувања се емитувани на бројни телевизиски станици како PBS, А & Е, ZDF, Channel + и Channel 4. Филмот БЕРИЌЕТ е дел од трилогијата „Човекот и трудот“. Првиот негов филм ЛЕБ И СОЛ е снимен 1986 во бродоградилиштето Ленин во Гдањск.


Награди: 1995 МФФ, Исмаилија, Гран При за режија / „Бериќет“

Филмографија:

1994: Бериќет ( Режија, Сценарио, )
1998: Маклабас ( Главна улога, )
1998: Ливада ( Режија, Музика, )