< Назад

Маклабас

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: експериментален

Род: Игран филм

Времетраење: 114 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1998

Содржина: Агентот Ансаров, еден од главните ликови на филмот е вовлечен во чудна истрага за серија убиства. Жртвите се агенти на разни странски разузнувачки служби. Дознава, со помош на своите врски и контакти, дека тие луѓе се вмешани во некаква замрсена игра којашто се концентрира околу испитувањето и експлоатацијата на еден многу редок минерал, дотолку поскап и поскапоцен заради фактот дека од него се произведува и некаков ексклузивен наркотик. Истовремено, елитните научници во тој минерал гледаат можност да навлезат во хибернираните димензии на антиматеријата. Утврдено е дека минералот (Зелениот дијамант) е свесен за себе, односно дека поседува некаков вид на свест (аспект на космичкиот Ум). Ансаров, одеднаш, се наоѓа себеси во брутална и беспоштедна војна меѓу двете мултинационални корпорации што сакаат да остварат стратегиска предност во регионот каде што се наоѓа минералот и да остварат слободна експлоатација. Сите нивни обиди завршуваат трагично заради средбите со примитивниот и исконски (митолошки обликуван) шумски човек Маклабас. Тој е митолошки заштитиник на планините (а со нив и на самиот минерал), и тој не ја дозволува експлоатацијата на минералот, сметајќи го тоа за сквернавење на исконската невиност на природата...

Автори:


Други соработници :
улоги -- Милчо Манчевски, Зоран Радоњиќ, Христо Поп Дучев, Владо Петровски, Јован Миовски, Горан Јовановски, Костадин Шурбановски
сценограф -- Игор Андреевски
музика -- FYROM EXPERIMENT
костимограф -- Васка Станковска
пиротехника -- Ѓоко Попов
анимација -- Ирина Романова; Игор Андреевски
визуелни ефекти -- Ацо Станковски
видео монтажа -- Игор Андреевски; Драган Абјаниќ; Саша Зајков; Љубиша Ивановски - Лепи
оружар -- Круме Никодиновски; Жарко Черних
монтажа на тон -- Борис Трајанов, UVT SOHO Sound Production - Софија
трансфер на 35 мм -- Томасо Вергало, Swiss Effects - Цирих
миксер на звук -- Кристијан Бојх, Magnetics Studio - Цирих
обработка на тон -- Братислав Зафирски - Брацо, City Sound - Скопје
соработник на сценарио -- Христо Поп Дучев

Постер:

Фотографии: