< Назад

Зафировски Братислав - Брацо

Биографија: (Скопје, 6.11.1956 - ) Тонски продуцент. На 10 годишна возраст се зачленува во аматерскиот радио клуб YU5CYZ при „Народна техника“ на Македонија. Еден период е тон мајстор на групата „Леб и сол“, а потоа и на „Анастасија“. Во 1983 г. се вработува во МРТ како асистент на снимател на звук во Македонското радио. После дваесетгодишна успешна музичка кариера некаде на почетокот на новиот милениум влегува во „океанот“ на филмскиот звук. Учество во реализација на повеќе кратки и неколку долгометражни играни филмови.

Филмографија:

1997: Часовник ( Тон, )
1998: Маклабас ( Тон, )
2000: Гајда ( Монтажа на тон, )
2000: Кавал ( Монтажа на тон, )
2002: Судијата ( Тон, )
2002: Најденка ( Тон, )
2003: Бубачки ( Тон, )
2003: Како лош сон ( Тон, )
2003: Едно од лицата на смртта ( Тон, )
2005: Турски чај ( Тон, )
2005: Години самотија ( Тон, )
2011: Жарче ( Тон, )
2013: Намини бар еднаш ( Тон, )
2015: Пепи и Муто ( Тон, )
2018: Види ја ти неа ( Тон, )
2018: Камена градина ( Тон, )