< Назад

Радоста на животот

Производство: Мали движења - Скопје

Земја на потекло: Р. Македонија

Род: Документарен филм

Времетраење: 0 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 2002

Содржина: Првиот концерт на Балканската филхармонија се одржа во Јуни 2000 во Скопје. Овој настан метафорично повторно ги обедини балканските држави. Овој настан беше инспирација и мотивација за правењето на „Радост на животот“. Но, филмот навлегува многу подлабоко, преку личните интимни приказни на неколку музичари, претставувајќи ја средината, сликајќи ја сликата на Балканот. За авторите на филмот особено е интересна маргинализацијата на музичките уметници во новородените социјални услови на Балканот. Така, овие луѓе не се повеќе извонредни артисти, туку се минијатури на работ на егзистенцијата… Од друга страна, овие прекрасни уметници се обидуваат да внесат оптимизам во животите на нивните сограѓани. Музиката за нив е оружје, утеха и надеж… А над сето тоа – радост. Релизиран врз принципите на вистината, користејки дискретна режисерска постапка, во обид животот да се слика што повистинито, користејќи го овој пристап како уметнички метод, филмот повеќе ја остварува комуникацијата со публиката на емотивно ниво отколку на интелектуално.

Награди: 2002, МФФ Визбаден, Гран При на фестивалот "Go East"

Автори:


Постер: