< Назад

Поповски Јован

Биографија: (Вевчани,1916 - ) Новинар, сценарист, публицист и писател. Со новинарството започнува да се занумава пред Втората светска војна, како соработник на белградските весници. По ослободувањето станува професионален журналист. Паралелно со ова, се занимава и со публицистика (досега објавил дваесет и девет дела), со пишување сценарија за документарни филмови, а во прозата се појавува со романите „На татковски начин“ и „Една младост“. Објавил дваесетина прозни дела, а некои од нив се преведени на српски односно хрватски, албански и романски јазик. Филмот ПО ТРАГИТЕ НА ЈАГУЛИТЕ е добитник на Сребрена чинија на фестивалот во Бергамо.


Награди: 1959 ФЈДКФ, Белград, Втора награда за сценарио / „Прилеп, вчера, денес“

Филмови: 1963 НЕКОГАШ БЕШЕ СЕЛО (BILO NEKAD SELO), сценарио, документарен, Сутјеска филм

Филмографија:

1951: Маврово се гради ( Сценарио, )
1957: Претседателот Тито во посета на Титов-велешка околија ( Сценарио, )
1957: Со Тито низ Македонија ( Сценарио, )
1957: Македонија ( Сценарио, )
1957: Претседателот Тито во посета на земјоделската задруга „Изворски“ с. Богданци ( Сценарио, )
1958: По трагите на јагулите ( Сценарио, )
1959: Прилеп, вчера и денес... ( Сценарио, )
1959: Препородени полиња ( Сценарио, )
1960: Во долината на цветовите ( Сценарио, )
1961: Градот на Вардар ( Сценарио, )
1962: Афион ( Сценарио, )
1962: Напуштени олтари ( Сценарио, )
1964: Кратовско злато ( Сценарио, )
1964: Полошки огнови ( Сценарио, )
1972: Светлините на градот ( Сценарио, )