< Назад

Кличкова Вера

Биографија: (Скопје, 24.4.1911 - Скопје,1998) Етнолог и филмски сценарист. Во 1934 година дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје по предметите: етнологија, антропогеографија, географија, а 1947 година во Загреб завршува специјален музеолошки курс. Работниот век го минува во музејско-конзерваторската струка како: асистент, кустос, виш кустос и директор на Етнолошкиот музеј - Скопје, каде раководи со целокупната стручно научна, организациона и административна работа, а на теренот со научноистражувачка и прибирачка работа. Истовремено е и уредник на изданието „Гласник“ на Етнолошкиот музеј - Скопје. За својата стручно научна и стручно популарна дејност има добиено повеќе награди и признанија.

Филмови: РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ ОД ГЕВГЕЛИСКО, адаптација, текст, обработка на изворна музика, документарен, Етнолошки музеј Скопје

Филмографија:

1954: Азот ( Сценарио, )
1954: Велигденски обичаи ( Сценарио, )
1956: Ѓурѓовденски обичаи од Скопско ( Сценарио, )
1964: Рибарството во Катлановско езеро ( Режија, Сценарио, Избор на музика, )
1966: Мариовска свадба ( Режија, Избор на музика, )