< Назад

Пејчинов Боро

Биографија: (Баница, Леринско, Егејска Македонија, 14.9. 1942 - ) Карикатурист, сатиричар, филмски режисер, сценарист, сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер. Во 1961 година се запишува на архитектонскиот факултет во Скопје. Од 1967 до 1969 година работи како карикатурист-илустратор и новинар за магазинот „Журнал“, а од 1970 година во редакцијата „Остен“ како карикатурист. Во 1972 година заминува на студиски престој во Загреб филм во „Загрепската школа за анимиран филм“, под менторство на Душан Вукотиќ. Во периодот од 1964 до 1977 година е хонорарен соработник во РТВ Скопје. Од 1977 година до денес работи во продуцентската куќа Вардар филм, во студиото за анимиран филм, најпрво како карикатурист и илустратор, а потоа режисер, сценарист и сценограф на анимирани филмови. Освен на анимирани работи и на рекламни филмови, а се занимава и со графички дизајн. За својата работа е добитник на повеќе награди и признанија. Живее и работи во Скопје.


Награди: 1978 ФЈДКФ, Белград, златен медал-Београд за режија на анимиран филм / „Отпор“ 1978 ФЈДКФ, Белград, награда Желимир Матко на списанието Филмограф / „Отпор“ 1978 ФЈДКФ, Белград, диплома Кекец / „Отпор“ 1978 МФФ, Оберхаузен, главна награда / „Отпор“ 1978 МФФ, Анеси, главна награда / „Отпор“ 1978 МФФ, Краков, специјална награда / „Отпор“ 1978 Југословенски кандидат за Оскар / „Отпор“

Филмови: 1974/75 ВИНИ ПУ, сценарио, режија, анимација, сценографија, дизајн, играно - анимиран, МТВ Скопје

Филмографија:

1977: Ближни наши ( Режија, Аниматор, Сценарио, )
1978: Отпор ( Режија, Аниматор, Сценарио, )
1978: Растење ( Режија, Аниматор, Сценарио, )
1985: Epur si muove (Сепак се движи) ( Режија, Аниматор, Сценарио, )
1986: Тоа е мојот живот ( Режија, Аниматор, Сценарио, )
1988: Леонардо - прошетка ( Режија, Сценарио, )
1988: Леонардо - настинка ( Режија, Сценарио, )
1988: Леонардо - творец ( Режија, Сценарио, )

Награди: