< Назад

Балабанов Коста

Биографија: (Штип, 05.04.1929 - ) Историчар на уметност, филмски и телевизиски сценарист. Од 1953 е во редовен работен однос во Централниот завод за заштита на споменици од културата, во својство на историчар на уметноста - конзерватор. Во 1955 дипломира историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Како стручњак за средновековната уметност, во 1955 ја објавува својата прва посебна книга посветена на истражувањата на Топличкиот манастир, Демир Хисар, и од тогаш до денес објавил повеќе од 200 стручни и научни трудови и 24 книги посветени на средновековната уметност. Во 1965 докторира на тема „Иконописот во Македонија од периодот на османлиското владеење“. Со филм почнува да се занимава како автор на сценарија и на текстови за документарни филмови од областа на археологијата и средновековната уметност на територијата на Македонија. Соработувал со „Вардар филм“ и ТВ Скопје (МРТВ) и според неговите текстуални подлоги, реализирани се 32 документарни филма (или епизоди), често синхронизирани на странски јазици. Од 1981 работи во Републички завод за заштита на спомениците, додека во 1994 е именуван за почесен генерален конзул на Јапонија во Македонија и за директор на Јапонскиот информативен центар во Скопје.

Филмови: 1972 ПЕШТЕРНИТЕ ЦРКВИ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1976 СТАРО НАГОРИЧАНЕ (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1976 ЦРКВИТЕ ПО ДОЛИНАТА НА РЕКАТА ТРЕСКА (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1977 НЕРЕЗИ (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1977 ЛЕСНОВО (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1977 ПЕШТЕРНИТЕ ЦРКВИ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1977 ПЕШТЕРНИТЕ ЦРКВИ ВО МАКЕДОНИЈА (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1978 МАНАСТИР ТРЕСКАВЕЦ (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1978 ИКОНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПРВ И ВТОР ДЕЛ (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1979 ТОПЛИЧКИ МАНАСТИР (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1981 МАНАСТИРИТЕ ВО ТИКВЕШИЈАТА (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1982 БИГОРСКИ МАНАСТИР (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1982 СРЕДНОВЕКОВНИОТ ГРАД ШТИП (ЗАКОПАНА МИСТРИЈА), сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1987 БОГАТСТВАТА НА МУЗЕЈОТ БАРДО ВО ТУНИС, сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1988 ТЕРАКОТНИТЕ ИКОНИ ОД ВИНИЦА, сценарио и текст, документарен, ТВ-Скопје
1994 ПРЕД ДОЖДОТ, консултант, игран, Полиграм, Ное Продакшн, Аим Продакшн, Вардар филм
1995 СКОПЈЕ, БАЛКАНСКИОТ ФЕНИКС (СЕРИЈА), МРТВ, сценарио и текст - ПОЧЕТОЦИ ДЛАБОКО ВО ИСТОРИЈАТА - ИСТОРИСКО ВРЕМЕ ПАЈОНЦИ И ДАРДАНЦИ - АНТИЧКИОТ ГРАД СКУПИ, ОД ОСНОВАЊЕТО ДО ПРОПАСТА - СКОПЈЕ, ГОРЕН ГРАД И ДОЛЕН ГРАД - СКОПЈЕ ПОД ВЛАСТА НА ОСМАНЛИСКИТЕ ТУРЦИ
1997 ФРАНЦЕ МЕСЕСНЕЛ, МРТВ, сценарио и текст

Филмографија:

1957: Средновековни фрески во Македонија ( Сценарио, )
1979: Охридското културно и природно наследство (Охрид Унеско) ( Сценарио, )
1984: Фрески и икони во Македонија ( Сценарио, )
1984: Aрхитектурата во Македонија од IV до XVII век ( Сценарио, )
1989: Нерези ( Сценарио, )
1989: Оплакување Христово ( Сценарио, )
1989: Успение ( Сценарио, )