Биографија: (Велес, 25.5.1922 - )
Спикер, наратор и филмски сценарист.
Дипломира на Факултетот за етнологија во Скопје.
Од 1946 година работи во Радио Скопје и е првиот македонски спикер. Во 1950 година се вработува во Државниот филмски архив како стручен соработник. Извесен период работи во Македонскиот народен театар во одделот за програма и пропаганда и уредник на списанието „Театар“. Во 1956 година повторно се враќа во Радио Скопје. Во 1964 е назначен за генерален директор на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останува до 1980 година, кога ја формира „Македонија концерт“, институција за презентација на културното богатство на Македонија. Истовремено од 1982 до 1984 година е претседател на Асоцијацијата на концертни агенции на СФРЈ, КОКОЈ.
Во 1984 година се пензионира.
Филмови: 1948 НИЗ ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА, наратор, документарен, Вардар филм
1948 ПРЕД ОКТОМВРИСКИТЕ ФЕСТИВАЛИ, наратор, документарен, Вардар филм
1948 ФИЛМСКИ ПРЕГЛЕД БР. 5, наратор, документарен, Вардар филм
1951 НАШИТЕ ПРВИ ИСКРИ, наратор, документарен, Вардар филм
1953 МИРАВСКА СВАДБА, наратор, документарен, Вардар филм
1954 ПРИКАЗНА ЗА НАШИТЕ ДНИ, наратор, документарен Вардар филм
Филмографија:
1955:
Стара чаршија
(
Сценарио,
)
1955:
Галичка свадба
(
Сценарио,
)
1955:
Тенда
(
Сценарио,
)
1955:
Дервиши
(
Сценарио,
)