< Назад

Младеновска Маја

Биографија: (Охрид, 4.10.1974) Филмски режисер. Запишува филмска режија на ФАМУ во Прага, во класата на Вјера Хитилова, а дипломира на ФДУ во Скопје во класата на Столе Попов. Дипломска работа и е филмот „Хофманова 13“ во склоп на „Омнибус А“, со уште тројца колеги од класата филмска режија. Во 2001 година ги режира документарниот филм „Роза“ и ТВ филмот „Што сонува кучето“ за МТВ. Следи снимањето на документарецот „Генералот“ за Боцинов (2003), како и документарниот филм „Мојата генерација“ (2004), а режисер е и на ТВ филмот „Стрмоглави“ (2006), сите реализирани по конкурост на Советот за радиодифуција. Од 2001 година работи во ТВ Телма.

Филмографија:

2000: Роза ( Режија, )
2000: Хофманова 13 ( Режија, Сценарио, )
2002: Генералот ( Режија, )
2002: Генералот ( Режија, )
2012: Музејот - сеќавања на македонската борба ( Режија, Сценарио, )