< Назад

Тетовирање

Производство: Вардар филм; Македонска Радио Телевизија

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: драма

Род: Игран филм

Времетраење: 128 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1991

Содржина: Приказната се случува во летото 1989 година за време на умирањето на комунизмот, последната голема човекова завера кон Бога. Филмот зборува за беспрекорноста на функционирањето на апсурдот, репресијата и насилството, за жал, единствените неизбежни константи на југо-фатумот. Дејството на „Тетовирање“ се развива тргнувајќи од една апсурдна ситуација, кога главната личност Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот, по една караница со сопругата го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер. Сакајќи да најде малку мир, оди на железничката станица, каде што им станува сомнителен на двајца полицајци - и поради само за нив познати причини, го апсат. Во Истражниот затвор, Илија со неколкумина други уапсени истиот ден, се третирани - априори - како криминалци. Тие се подложени на неверојатно драстична вербална и физичка тортура. Илија, свесен за својата невиност, не може да се согласи со тоа и со право очекува да биде ослободен, уште повеќе што таткото на неговата сопруга е познат адвокат. Меѓутоа, истражната попстапка се одолговлечува, и Илија се соочува и ги преживува сите „финеси“ на затворското живеење во кое, покрај присилата од затворските чувари, затворениците се изложени и на уште една, на свој начин дури и посурова тортура од страна на закоравените криминалци. По една таква ситуација, кога борејќи се за сопствениот живот во тепачка со криминалецот Љупчо, кој потоа, не по вина на Илија, им подлегнува на повредите, тој е обвинет за убиство и е упатен на издржување на затворската казна. Со тоа, односот меѓу сопружниците добива нова, дури и побогата димензија; миговите на посети од страна на неговата сопруга му даваат на Илија сила да истрае и да се бори за ревизија на процесот. Меѓутоа, еден ден, очекувајќи го доаѓањето на сопругата, Илија, без своја волја, е вовлечен во бегството на затвореникот Змија. Бегството завршува трагично и за самиот Илија. Убиен е од специјалец со куршум испукан во челото на сликата на Исус - истетовирана на неговите гради. Филмот „Тетовирање“ со својата појава како да доаѓа да ја потврди кревкоста, но и креативната виталност на македонската играна филмска продукција. Зад парадоксалноста на оваа, инаку објективна теза, се наоѓаат и сите дотогашни познати и помалку познати чинители. Неспорниот интернационален успех, пак, што овој филм набргу го доживеа, докажува дека со инсистирањето на ваква продукција, макар и во нејзиниот сè позабележителен дисконтинуитет, македонскиот игран филм може да се најде и во најактуелните светски филмски трендови.

Награди: 1991 ФФ, Херцег Нови, Гранд При, Прва награда „Златна мимоза“ за режија на Столе Попов 1991 ФФ, Ниш, Гранд При за улогата на Мето Јовановски 1991 ФФ, Врњачка Бања, Втора награда за сценарио на Мирко Ковач 1991 ФФ „Милтон Манаки“, Битола, Сребрена плакета „Милтон Манаки“ за снимателот Мишо Самоиловски 1991 Филмско лице на годината за Мето Јовановски според ревијата „Екран“ 1991 Номинација за наградата Феликс

Автори:

Директор на филм: Мижимаков Панта
Директор на фотографија: Самоиловски Мишо
Костимографија: Цвијановиќ Светлана
Сценарио: Ковач Мирко
Сценографија: Лашиќ Владислав
Асистент на режија: Поповски Диме
Асистент снимател: Ферро Бранд
Организатор на снимање: Арсовски Миле, Ацевски Стеван - Стевче
Асистент на костимографија: Крстевска Жаклина
Асистент тон снимател: Јаневски Коста

Други улоги:

Верица Јанковиќ
Кирил Гравчевски
Џеладин Хасани

Други соработници:

соработници на сценариото -- Живоин Павловиќ; Столе Попов
маскер -- Снежана Томненовиќ
асистент режисер -- Слободан Голубовиќ - Леман
секретар режисер -- Драгица Марковиќ
помошник директор за финансии -- Љубица Крстевска
водач на снимање -- Томе Моловски
помошници на организаторот на снимање -- Миле Арсовски; Александар Стојановиќ
асистент снимател -- Сретен Паковски
асистент маскер -- Светлана Гутиќ
снимател на музика -- Светлана Георгиевска-Марковиќ
асистент сценограф -- Милан Младеновиќ
асистент монтажер -- Маја Чемчева
реквизитери -- Негослав Ѓоковиќ; Вангел Миовски
сликар на декор -- Слободан Сремац
гардеробери -- Димитар Темтов; Бранко Лозановски
набавувач -- Драги Трајановски
светло -- Владо Ружиќ
фар -- Мане Насков
агрегат -- Драги Трифуновски
водач на статисти -- Христо Кировски
соработници -- Србо Кабадиќ; Борис Украина
каскадер -- Звонко Плавшиќ - Звонце

Постер:

Фотографии: