Дистрибуција

  • image description3/25/2012 12:00:00 AM

За дистрибуцијата во Македонија по ослободувањето може да се зборува (и да се направи едно хронолошко видување) само преку првите институционални форми на кинематографијата. Развојот на дистрибуцијата се одвивал во неколку етапи со повеќе институции кои и претходеа на дистрибутерската куќа „Македонија филм“: ОТСЕК ЗА КИНЕМАТОГРАФИЈА (формиран на 1.02.1945); ФИДИМА (3.06.1945); РАСФИЛМ (9.08.1946); ФИЛМСКО (25.11.1947); МАКЕДОНИЈА (30.06.1952). Во 1968 година „Македонија филм“ го добила својот денешен назив. Во 1988 година е извршено проширување на дејноста на „Македонија филм“, со: изнајмување и дистрибуција на филмови и видеокасети, производство на филмови и видеокасети, прикажување филмови и видеокасети, како и преснимување на видеокасети.

Од 1948 година постои и претпријатието за прикажување на филмови „Градски кина“, што започнува со работа под името „Народни кина“.

Претпријатието за дистрибуција на филмови и видеокасети „Манаки филм“ е приватно претпријатие, кое е формирано 26.11.1992 год. Со дистрибуција на кино права, „Манаки филм“ континуирано се занимава уште од своето основање, а со видео дистрибуција почна да работи од 1997 година.

Од 1997 година работи и приватната дистрибутерска куќа „Нирвана“.