Производство: „Вардар филм“ - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: репортажа
Род: Документарен филм
Времетраење: 10 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1954
Содржина: Филмот ги прикажува убавините и зимските спортови на Шар Планина. Како дел од оваа репортажа опишана е и храброста на младите кои се искачуваат до Титов Врв, додека пак за другите тоа било видено само во филм. Поголемиот дел од филмот говори за натпреварот во скијање, односно „Шарпланинскиот Куп“, каде што освен домашната екипа, има и натпреварувачи од странство, австриска, швајцарска и многу други екипи. Со употреба на панорамски кадри, се доловува убавината на планината, натпреварот, забавувањето на гостите, планинарскиот дом Јелак итн.
Според „Филмографија Југословенског филма 1945-1965“ филмот се наведува под насловот „На падините на Шара“.
Автори:
Други соработници :
Асистент снимател -- П. Стефановски
Аранжман на музика -- Ладислав Палфи